Ако планирате да ја запросите, ова е вистинскиот начин да го сторите тоа!

Ако планирате да ја запросите, ова е вистинскиот начин да го сторите тоа

Сите постојано слушаме за комплицирани приказни за запросување кои се толку долги што едноставно не можат дури ни да ни го задржат вниманието до најважниот момент… Но, што сакаат девојките навистина? И дали тие го добиваат тоа?

Ако планирате да ја запросите, ова е вистинскиот начин да го сторите тоа

Популарниот веб-сајт за љубовни врски, Science of Relationships, неодамна спровел прашалник со цел да го открие одговорот на овие прашања. Тие испитале 400 младенци кои го опишале своето идеално запросување, она кое навистина се случило, како и што тие сметале дека е најважно. Изгледа дека јавните настани не се идеалното сценарио и дека 69% од луѓето преферираат приватно запросување, во кое се вклучени само тие двајца.

Она што помалку изненадува во ова истражување е што повеќето луѓе не го доживувале вистинското запросување онолку романтично како што изгледало во нивните фантазии (можеби поради фактот што сите ние гледаме премногу романтични комедии). Другото откритие кое исто така не е толку шокантно е дека најпопуларното време за запросување е во текот на вечерта, околу зајдисонцето, додека пак, најидеалната локација е плажата. Исто така изгледа дека кавалерството сè уште не е мртво, бидејќи дури 37,5% од мажите побарале дозвола од родителите на девојката пред да го постават ова прашање.

Епа ете момци, ако сакате да ја запросите на незаборавен начин, направете го тоа на зајдисонце, додека шетате на плажа и нема никој друг во ваша близина. Со среќа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар