Ако не се насмеавте денес, погледнете го Дариус, глувчето што црта
Сите имаме по некој талент на којшто се гордееме. Ама ако си глувче што знае да црта, дефинитивно заслужуваш да бидеш познат! Така глувчето Дариус заслужено стана популарно на Интернет, благодарение на своите уметнички способности, па иако веќе не е живо, сепак неговите дела сѐ уште ги развеселуваат луѓето ширум светот.
Неговата сопственичка, Амали Маркота Андерсен, е студентка по анимација и дигитални уметности. Таа вели дека откако го истренирала Дариус да црта со своите нозе, потребни му биле само десетина минути за да нацрта уметничко дело. Таа има продадено четири негови цртежи.
„Цел живот чувам глувчиња, уште од 14-15 години“, вели таа. „Дознав колку се фини како миленичиња од Интернет. За жал, тие не живеат многу долго, околу 2-3 години. Јас досега сум имала 9 и Дариус беше еден од нив.“
Кога Амали го земала Дариус, купила нетоксични водени боички, па тој стапнувал во нив и одел напред-назад на листот хартија додека таа сметала дека треба за цртежот да заличи на нешто.
„Дариус стана популарен на Интернет и за тоа ми е многу мило“, вели Андерсен. „Тој го заслужи тоа!“
Таа вели дека на некој начин Дариус бил чудно глувче. За разлика од другите глувчиња што ги чувала, ова било срамежливо и мирно. Не сакало многу да истражува, како што обично прават глувчињата. Дариус сакал да се гали и да спие на нејзиниот кревет.
Како што популарноста на Дариус растела, Андерсен на некој начин станала негов менаџер. Откако ги продала неговите дела, таа со парите му купила појас за шетање за тој да биде побезбеден кога заедно излегувале надвор.
„Малку се каам што му ги продадов оригиналите“, додава Андерсен. „Но сепак, многу ме радува што знам дека неговите дела се таму некаде, се надевам неоштетени и во добра состојба!“
„Лудо е кога ќе помислам како неговата приказна имаше ваков бум. Не очекував дека толку ќе ги развесели луѓето, но многу ми е драго што е така. За жал, Дариус не нацрта повеќе од четири слики додека беше жив, но планирам да се обидам со истово и со моите сегашни глувчиња, Гучи и Манго.“
И вие обожавате глувчиња? Погледнете го ова слатко глувче кое сака да биде дел од реалноста.