Ако ја посетувате Малта, овие факти би требало да ги знаете
Малта е една од најатрактивните дестинации последниве години и има зошто е така. Таму има за секого по нешто: од луди забави, до историски локации, недопрена природа и место за целосна релаксација. Буквално за сечиј вкус. Доколку и вие сакате да ја посетите, ова се основните информации кои треба да ги знаете.
1. Малта не е остров туку архипелаг составен од 7 мали острови. Малта и Гозо се најголеми и тие се населени, Комино е исто така поголем меѓутоа не е населен, туку се состои од луксузен комплекс. Другите 4 се комплетно ненаселени.
2. Пештерата Калипсо најверојатно е местото каде Хомер ја напишал Одисеја.
3. Малта е само 80 километри оддалечена од Сицилија.
4. Возат од левата страна.
5. Станала држава во 1964 година, претходно била британска колонија.
6. Шпицот на летната сезона трае до средина на есента.
7. Во Малта се снимени голем број холивудски филмови. Дел од нив се: „Троја“, „Игра на тронови“, „Гладијатор“ и „Капетан Филипс“.
8. Малта нема ниту една река, шума или планина.
9. Главниот град Валета е првиот плански направен град. Изграден е во 1565 година од Св. Јован од Ерусалим. Целиот град е направен за 15 години и го држи рекордот за најбрзо изграден град.
10. Азурниот прозорец е природна карпа, по која не е препорачливо да одите, но таму можете да пливате.
11. Англискиот е официјален јазик како и малтешкиот кој е многу сличен на арапскиот.
Бонус совет: Не пцујте во кафулињата и рестораните, големи се шансите балканец да е келнерот.