Ако ја имате оваа карактеристика, вие сте натпросечно интелигентни!
Едно неодамнешно истражување покажало дека доволна е само една особина со цел да се препознае натпросечната интелигенција. Според резултатите добиени од истражувањето спроведено на Универзитетот Ново Мексико, научниците Гил Гренгрос и Џефри Милер тврдат дека духовитоста и добрата смисла за хумор се знаци за натпросечна интелигенција.
За потребите на ова истражување, тие им задале на група студенти тестови за интелигенција, а потоа од нив се побарало да измислат забавни скечеви и меѓусебно да ја оценат нивната духовитост. Студијата покажала дека општата интелигенција е значаен предуслов за духовитоста, независно од другите варијабли – токму хуморот е знак за напредни ментални способности.
Ова не е прв пат да се поврзе хуморот со интелигенцијата. Постои уште едно истражување спроведено на Универзитетот Бакнел, од страна на научниците Вилијам Е. Хок и Џон В. Томас. Нивните резултати покажале дека креативноста и интелигенцијата се независни едни од други, додека пак, хуморот е поврзан и со едната и со другата особина.