Ако ги имате овие карактеристики, дефинитивно сте амбиверт
Нивото на допамин во мозокот влијае на тоа дали ќе бидете интровертни или екстровертни во одреден момент од животот. Кај повеќето луѓе не постои ектремност, туку средина, така што најверојатно тие се амбиверти.
Веројатно луѓето понекогаш ве прашуваат дали сте интроверт или екстроверт. Но, повеќето од вас навистина не знаат во која група спаѓаат затоа што карактеристиките на личноста никогаш не постојат во континуитет и многу начини на однесување зависат од животните околности во коишто се наоѓате. Може да се каже дека поделбата на интроверти и екстроверти е всушност малку застарена.
Карактерот се состои од низа стабилни однесувања и склоности што најчесто ги покажувате во интеракција со другите луѓе. Тие се формираат во раната возраст и се фиксираат во младоста. Во текот на вашиот живот ќе се променат многу важни работи, но не и вашата личност. Меѓутоа, кога станува збор за интровертност и екстровертност, мора да се каже дека е тешко да се држите до строгата поделба затоа што постојат карактеристики што можат да се поврзат со двете категории.
Професорот Адам Грант од Универзитетот во Вартон, Пенсилванија, спровел истражување кое покажува дека две третини од луѓето не се идентификуваат со ниту една од овие категории и повеќето од нив се изјаснуваат како амбиверти, објаснувајќи дека ги имаат карактеристиките на двете личности, во зависност од околностите и од ситуацијата.
Заклучокот од истражувањето е дека тенденцијата за интровертност или екстровертност првенствено зависи од нивото на допамин во мозокот. Луѓето кои имаат повисоко ниво на допамин, имаат тенденција да бидат повеќе интровертни бидејќи се обидуваат да го избегнат социјалното влијание што може да ги натера да почувствуваат вознемиреност или тага.
Спротивно на тоа, луѓето кои имаат пониско ниво на допамин имаат тенденција да бидат повеќе екстровертни затоа што бараат поттик што може да им помогне да се чувствуваат подобро. Но, повеќето луѓе не достигнуваат крајности, односно склоноста кон интровертност или екстровертност се менува во зависност од ситуацијата и од околностите. Накратко, овие личности можат да се класифицираат како амбиверти.
Погледнете кои карактеристики ги имаат амбивертите:
1. Можете да извршувате задачи во група, но и самостојно, и во двата случаи сте подеднакво добри.
2. Социјалните норми не се проблем за вас, но ви пречи ако има премногу луѓе околу вас.
3. Понекогаш е забавно да бидете во центарот на вниманието, но не сакате тоа да трае премногу долго.
4. Некои луѓе мислат дека сте тивки, а други дека сте многу друштвена личност.
5. Не чувствувате потреба постојано да бидете во движење, но ако имате премногу време за одмор, ќе ви биде досадно.
6. Можете да се изгубите и да уживате во сопствените мисли, исто како што можете да се изгубите и да уживате во разговорот.
7. Дрдорењето не ви е проблем, но ви станува здодевно со текот на времето.
8. Понекогаш се сомневате во другите, но има ситуации во кои можете да им верувате.
9. Ако поминете премногу време сами, ќе ви биде здодевно, но ако околу вас има луѓе премногу долго време, тоа може да ве исцрпи.
Доколку сте интроверт, прочитајте ги овие 4 едноставни начини како да бидете посоцијални.