Ако ги чуете овие зборови на телефон, спуштете веднаш!
Откако постојат телефоните, постојат и измамите што се прават со нивна помош. Единствената разлика од минатото и сега е што денес има многу покреативни и пософистицирани методи за нивно спроведување. Токму затоа и решивме да ве предупредиме на една од најновите телефонски измами што може да ви донесе многу проблеми, па затоа прочитајте го продолжението на овој текст со големо внимание.
Ако одговорите на повик од телефонски број што не го знаете и чуете непознат глас од другата страна што ве прашува: „Ме слушаш?“ веднаш спуштете. Овој повик најверојатно е од измамник што му треба вашиот глас на снимка (поточно, снимка од вас како кажувате „Да“). Овој гласовен примерок може да се искористи на најразлични начини, од правење нарачки, до други финансиски трансакции во ваше име.
Во некои ситуации, кажувањето „Да“ претставува еден вид потпис на вербален договор – нешто што е еднакво како притискање „Се согласувам“ или „Прифаќам“ за време на онлајн шопинг. Овие таканаречени гласовни потписи се легитимни и многу компании ги користат кога станува збор за барање од клиентот да потврди промени во сметката или трансфер на пари.
Најдобро е воопшто да не одговарате на непознати броеви. Доволно е само да кренете за да им дадете до знаење на криминалците дека вашиот број е валиден и дека може да биде искористен за некаква измама. Подоцна, вашиот број ќе биде пренесен и до други измамници.
Ако сепак одлучите да прифатите повик од непознат број, особено ако очекувате некој да ви се јави, обидете се да останете внимателни и скептични, особено ако уште на почетокот ви се постави прашање што би поттикнал потврден одговор, односно „Да“. Овие прашања можат да бидат во форма на: „Ме слушаш?“ Дали е добро време за разговор?“ „Вие ли сте сопственикот на бројот?“ и слично… Одговорот што треба да го дадете на овие прашања или слични, е: „Со кого зборувам и зошто сакате да знаете?“
Друга опција да се заштитите од вакви измами е доколку го наместите вашиот телефон автоматски да префрла кон говорна пошта доколку ве бара некој од непознат број. Измамниците никогаш не оставаат пораки, а ако е некој кому му требате, тоа и ќе ви го каже.
Исто така никогаш не ги давајте вашите лични информации на непознат човек, дури и ако тврди дека е вработен во компанија што ја знаете.