Ако децата ги воспитуваат родителите…
Од група ученици во прво одделение од САД било побарано да кажат што според нив родителите треба подобро да научат да прават и потоа да го нацртаат тоа.
Можеби очекувате нивните одговори да бидат наивни и духовити, но ситуацијата е поинаква. Овие одговори и цртежи покажуваат поголема мудрост од таа што би се очекувала.

„Мислам дека возрасните треба да научат како фотосинтезата им помага на дрвјата.“ – Брендон, 7 години

„Возрасните треба да научат да не им викаат на децата.“ – Саманта, 6 години

„Возасните треба да научат да речат ‘во ред е’ ако нешто ненамерно си згрешил.“
– Метју, 7 години

„Треба да научат да ги контролираат своите реакции.“ – Илаја, 7 години

„Треба да знаат дека ако имаш сон, не е страшно ако не ти се оствари.“ – Михаела, 7 години

„Возрасните треба да научат повеќе да ги делат работите.“ – Џона, 7 години

„Возрасните треба да научат да не се натажуваат и разлутуваат заради некои работи. Како на пример, заради глупави работи.“ – Стивен, 6 години