Airbnb слави 10 години: Еве кои се 10-те најпосакувани домови во светот според корисниците
5. Dreamy Tropical Treehouse (Мечтателна тропска куќа на дрво) во Ферн Форест, Хаваи
Во листа на желби: 66.336 пати
Вашите соништа од детството конечно можат да се претворат во реалност во оваа куќичка на дрво, на Хаваите. Направена од глинени тули, оваа шармантна куќа е потпрена на колци со висина од 4,5 метри и овозможува живописен опис кон џунглата, којашто ја окружува. Веднаш зад бамбусовата куќичка се наоѓа Националниот парк на Хавајските вулкани, којшто само дополнително ќе ја зголеми авантурата во текот на вашиот престој.
6. Waterfront with Extraordinary View (Крајбрежен апартман со извонреден поглед) во Котор, Црна Гора
Во листа на желби: 52.964 пати
Погледот од ова студио дефинитивно нема да ве разочара. Располага со голема тераса којашто нуди неверојатен поглед кон две прекрасни атракции на Которскиот залив, островите Св. Ѓорѓи и Дамата на карпите. Во апартманот имате сè што ви е потребно за удобен престој, но со оглед на околината веројатно нема да поминете премногу време внатре.
7. Hideout Bali Eco Bamboo Home (Скришен бамбусов еко-дом) на Бали, Индонезија
Во листа на желби: 77.177 пати
Еден од најубавите аспекти на Airbnb, е можноста целосно да се потопите во локалната култура. Оваа бамбусова куќа ви дава шанса да почувствувате како е да се живее исклучен од комуналии и да го искусите балискиот селски живот во полн сјај. Како бонус на сето тоа, ова одморалиште е и засолниште за локалните мачиња.
8. Hector Cave House (Пештерската куќа Хектор) на Санторини, Грција
Во листа на желби: 133.869 пати
Хекторската пештера е популарна долги години, а една од логичните причини за тоа, е фактот што таа е издлабена во карпа пред повеќе од 250 години. Првенствено се користела како винска визба, а денес таа може да вдоми 5 гости и да се пофали со приватна веранда за јадење, релаксирање и сончање.
9. Romantic Cabana with a View (Романтична кабина со поглед во Арменија, Колумбија
Во листа на желби: 99.622 пати
Оваа бамбусова кабина, лоцирана во регионот за кафе, е окружена со дождовни шуми и ја акцентира приватноста. Сместени на мала органска фарма, тука ќе бидете помеѓу даровите на оваа земја – тропско овошје, дрвја, цвеќиња и алое вера. Воедно, во текот на вашиот престој имате можност да прошетате низ блиските патеки и да уживате во убавините на мал водопад или да ги посетите кофеинските атракции на регионот.
10. I Sette Coni – Trullo Edera (Седумте конуси – Труло Едера) во Остуни, Италија
Во листа на желби: 164.444 пати
Домот којшто најмногу пати се најде на листата на желби на сместувањата на Airbnb во изминатите 10 години, изгледа како минијатурен замок, со конусни кровови и ѕидови од бел камен. Тука денот ќе можете да го поминете релаксирајќи се под маслиново дрво, а по заслужениот одмор, со задоволство ќе шеткате низ живописните селски улици.
Кое од овие 10 езготични и спокојни сместувања ви е омилено? Пишете ни во коментарите.
Може да ве интересираат и овие 10 приватни острови што можете да ги изнајмите на Airbnb.