Airbnb слави 10 години: Еве кои се 10-те најпосакувани домови во светот според корисниците
За да ја прослават нивната 10-годишнина, компанијата за привремено изнајмување на домови и апартмани „Airbnb“, реши да ја сподели со светот својата листа со топ 10 најпосакувани домови на сервисот според корисниците, на сите времиња.
Кога од Airbnb велат дека некоја куќа е посакувана од страна на корисниците, тие навистина го мислат тоа. Десетте имоти коишто тие ги идентификуваат како најпопуларни, имаат вкупно 860.000 срценца од корисниците, коишто во текот на изминатата декада ги додале во нивната листа на желби. Секој од нив има свој сопствен шарм и уникатна убавина, но сепак имаат едно нешто што им е заедничко – тие се многу повеќе од места за престој, тие се туристички дестинации!
1. The Cozy Palace (Удобната палата) во Маракеш, Мароко
Во листа на желби: 59.838 пати
Ова неверојатно сместување во Маракеш, на времето била традиционална Мароканска куќа изградена околу централен двор, а сега е претворена во спокојно место за одмор. Во неа, можете да уживате во убавината на маварската уметност и да ги вкусите традиционалните јадења, коишто се готват во ресторанот на „The Cozy Palace“.
2. Bamboo Eco-Cottage in Rice Fields (Бамбусова еко-куќа во оризови полиња) во Убуд, Бали, Индонезија
Во листа на желби: 65.644 пати
Во оваа бамбусова куќа дефинитивно ќе живеете најблиску што е можно до природата, а интересно е што ова еко-одморалиште се наоѓа помеѓу оризови полиња. Тука можете да уживате во изолираното сместување, а кога ќе сакате да се социјализирате, имате опција да се потопите во базенот со солена вода, заедно со другите гости.
3. Off-Grid Ithouse in Pioneertown (Куќа во Пајониртаун што е исклучена од јавните претпријатија за комуналии) во Јука Вали, Калифорнија
Во листа на желби: 63.669 пати
Прогласена за еден од најдобрите домови во Америка според магазинот за дизајн, архитектура и технологија „Dwell“, itHouse ви дава совршена можност да се дисконектирате од вашите електронски уреди и да уживате во дивото спокојство што го овозможува пустината. Надворешноста на куќата е направена од стакло, со цел да овозможи речиси беспрекорен поглед кон надворешноста. Тука дефинитивно ќе имате доволно време на располагање за да уживате, бидејќи во куќата нема Ви-Фи.
4. Luxurious Stone Villa (Луксузна камена вила) во Крит, Грција
Во листа на желби: 76.658 пати
Издлабена од природен камен, оваа семејна куќа е реновирана во 2007 година и пренаменета во студио за двајца гости. Дефинитивно ќе уживате на балконот од оваа вила, којшто нуди поглед кон заливот Кисамос, од кој ќе ви застане здивот.
Продолжува на следната страница…