Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплати услугата „ол инклузив“, а во кои не?

Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплати услугата „ол инклузив“, а во кои не?

Кога одбирате помеѓу бројните понуди од туристичките агенции, во глава ви се вртат многу прашања. Кој одмор е најудобен и најпрактичен? Некои држави се пријателски настроени кон туристите, а некои можат да бидат опасни. Многу хотели нудат „ол инклузив“ услуга, па погледнете во кои држави навистина ќе ви се исплати, а во кои е само трошење пари.

1. Малдиви

Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплаќа „ол инклузив“ услугата, а во кои не?

Храна: 3 оброци во ресторан, ужина во барот во текот на денот. Постојат и ресторани лоцирани надвор од хотелот во кои ќе треба однапред да нарачате. Храната е вкусна и безбедна и има голем број алкохолни и безалкохолни пијалаци кои се скапи без оваа услуга.

Други удобности: Постојат многу опции за забава на Малдивите. Удобноста ќе ве следи во текот на целото патување. Повеќето хотели нудат трансфер од и до аеродромот, како и опција да чекате во ВИП лобито. На самиот остров се нудат разни екскурзии со бродови, лекции за нуркање, бројни водни спортови, фитнес центри, барови, риболов и музичка забава навечер.

Што недостасува: Ова е тешко да се одговори. Ол инклузив пакетите на Малдивите го даваат најдоброто за посетителите да бидат задоволни.

Дали да закажете: Да, ако сакате вистинска релаксација. Ако не ви се важни храната, пијалаците и забавата, тогаш можете да одберете опција само со појадок и вечера.

2. Египет

Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплаќа „ол инклузив“ услугата, а во кои не?

Храна: 3 оброци дневно со бифе, неограничен сладолед и бесплатен локален алкохол. Но, алкохолот од други држави се доплаќа.

Други удобности: Хотелите во Египет се познати по нивните бројни забавни програми, забави и активности за деца. Сите „ол инклузив“ пакети нудат бесплатни лежалки на плажа, а понекогаш во цената е вклучено и масажа, спа центар и фитнес центар.

Што недостасува: Мини барот во хотелската соба не е бесплатен и опциите како перење облека се доплаќаат.

Дали да закажете: Да. Се препорачува да не ги напуштате хотелите во Египет. Поради ова тие се обидуваат да им понудат на туристите сè што им е потребно – храна, забава и удобност.

3. Обединети Арапски Емирати

Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплаќа „ол инклузив“ услугата, а во кои не?

Храна: Овде „ол инклузив“ значи највисокото ниво на удобност и почит. Сè ќе изгледа неверојатно, а храната ќе биде вкусна. Но, ќе треба да платите за деликатесите како јастог. Покрај тоа количината алкохол е ограничена – ако келнерот забележи дека гостинот е пијан ќе престане да го служи со алкохол.

Други удобности: Некои хотели овозможуваат брод, велосипед и кајак со „ол инклузив“ пакетот. Но ќе треба да плаќате за лежалки ако хотелот не е на брегот.

Што недостасува: Забави и активности за деца.

Дали да закажете: Да, ќе биде многу поудобно и поевтино отколку сè да плаќате посебно. Дубаи е исклучок – најверојатно подобро е да закажете без оваа услуга бидејќи тоа е единственото место во државата што има интересни и евтини кафетерии.

4. Турција

Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплаќа „ол инклузив“ услугата, а во кои не?

Храна: Повеќето хотели во Турција имаат бифе со одредено работно време и 24-часовна собна услуга. Локалниот алкохол е бесплатен, но ќе треба да плаќате за увезените брендови.

Други удобности: Изгледа се нуди сè што можете да замислите. Дури и хотелите со 3 ѕвезди имаат многу активности за деца и возрасни, вклучувајќи фитнес центри, забави, натпревари и шоуа во баровите. Хотелите со 4 и 5 ѕвезди имаат и аква парк.

Што недостасува: Овој пакет не вклучува работи како масажа, спа центри и слично. Исто така ќе треба да доплаќате за лежалки на плажа.

Дали да закажете: Да. Многу е поевтино да одберете „ол инклузив“ опција.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар