Африкански народни поговорки

Африкански народни поговорки

Африканските народни поговорки учат на лекции од секојдневниот живот на Африканците, така што секогаш се неизбежно поврзани со земјата и со животните. Ова е еден мал дел од мудроста од целиот континент, од различни народи и племиња кои имаат што да ни пренесат од своето искуство.

Африкански народни поговорки

„Птицата која полетува од земјата и се спушта на мравјалник сè уште е на земјата.“

„Оној кој чука на тапан за некој лудак да танцува не е подобар од самиот лудак.“

„Каде што царува водата, земјата мора да се потчини.“

„Колку и да е убав ковчегот, нема никого да натера да ја посака смртта.“

„Оној кој трча по среќа бега од мирот.“

„Забите не знаат за сиромаштија.“

„Ако со ги одбрал едниот крај на стапот, си го одбрал и другиот.“

„Подобро малку отколку премалку.“

„Паметен непријател е подобар отколку глупав пријател.“

Африкански народни поговорки

„Младата птица не грака додека не ги слушне постарите.“

„Немој да танцуваш ако носиш кошница со јајца.“

„Храната која е зготвена нема свој господар.“

„Тој што не знае да танцува вели дека подот е тврд.“

„Направи добро дело и фрли го во морето.“

„Кога корените на дрвото ќе почнат да се распаѓаат, почнуваат да носат смрт и кон гранките.“

„Детето е сечие дете.“

„Ако чеканот е твоето единствено средство, секој проблем ќе ти изгледа како шајка.“

„Кога на дете му ја покажуваш месечината, тоа го гледа само твојот прст.“

„Тој што намерно се бања со студена вода не го чувствува студот.“

Африкански народни поговорки

„Земјата е кралица на креветите.“

„Биди планина или потпри се на некоја.“

„Болвата може да му направи повеќе проблеми на лавот отколку тој нејзе.“

„Мудроста е како дрвото баобаб: ниту еден поединец не може сам да ја земе в раце.“

„Гневот и лудилото се браќа.“

„Немој да следиш некого кој бега.“

„Како што стрелецот ја сака стрелата која се движи, така го сака и лакот кој останува во неговите раце.“

„Ако градиш куќа и ти се скрши една шајка, ќе престанеш да градиш или ќе ја смениш шајката?“

„На нашите деца се обидуваме да им оставиме две работи: првата е корени, а втората крилја.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар