Аеробните вежби можат да ви помогнат во борбата против депресијата

Аеробните вежби можат да ви помогнат во борбата против депресијата

Депресијата е распространета болест која се појавува кај луѓето од секоја возраст. Доколку мислите дека решението е само во лековите, се лажете. Едно истражување покажало дека расположението на депресивните луѓе со хронични здравствени проблеми може значително да се подобри со аеробни вежби. Овде спаѓаат активности како одење, трчање, возење велосипед и слично.

Аеробните вежби можат да ви помогнат во борбата против депресијата

Пациентите со хронични болести имаат 2-3 пати поголем ризик од депресија, за разлика од остатокот од населението. Кога овие пациенти стануваат депресивни, често нивната хронична болест се влошува и се зголемува ризикот од смрт.

Во истражувањето, научниците ги разгледувале податоците од 24 други истражувања со вкупно 4.111 пациенти кои имале хронични болести и симптоми на депресија. Во сите помали истражувања, испитаниците биле поделени во две групи од кои едната била контролна, а другата изведувала аеробни вежби. Пациентите кои вежбале најмалку 2 до 3 пати неделно, имале поголеми шанси за ублажување на симптомите на депресија за разлика од оние во контролната група.

„Една од најважните пораки поврзана со аеробното вежбање е дека нешто е подобро од ништо и дека повеќе е подобро од помалку. Во одредена мера, нашето истражување го потврдува ова“ изјавил главниот автор на истражувањето, доктор Сајмон Бејкон.

Повеќето експерти препорачуваат 150 до 250 минути вежбање во текот на неделата, и тоа по еден час дневно умерено аеробно вежбање. На овој начин ќе се спречи и дебелеењето, или здраво ќе ги изгубите несаканите килограми.

„Ова укажува дека и краткото аеробно вежбање може да биде доволно за намалување на депресијата“, додал Бејкон.

Програмите за вежбање во помалите истражувања траеле од 4 до 24 недели, а половина траеле најмалку 12 недели. Половина од програмите за вежбање вклучувале физичка активност најмалку 3 пати неделно. Секој тренинг траел од 20 до 80 минути, однодно 42 во просек. Со оглед на тоа дека програмите за вежбање биле различни кај сите истражувања, научниците не успеале да откријат дали некои вежби делуваат подобро од други.

Резултатите од ова истражување ги потврдуваат постарите докази дека вежбањето може да го подобри менталното здравје и да го намали ризикот од психолошки проблеми.

Доколку пациентите не се во можност да вежбаат, постојат и други методи за подобрување на менталното здравје. Еден од нив е психотерапијата каде што пациентите учат како да се справат со нивни мисли и чувства. Исто така постојат и терапии со лекови кои можат да ги ублажат симптомите.

Погледнете и како да се ослободите од депресијата на природен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар