99% од микроорганизмите во нашето тело се мистерија за научниците
Многу често се фокусираме на едно нешто, па целосно го игнорираме очигледното. Истото се случува и со научните истражувања кои се фокусираат на еден фактор, па не ја гледаат големата слика.
Ова е објаснувањето за едно неодамнешно истражување на универзитетот Стенфорд, во кое се открило дека 99% од микроорганизмите кои се во нашето тело не можат да бидат идентификувани.
Познато е дека многу микроорганизми, како бактерии и вируси живеат во човечкото тело. Секој од нас има видено барем една фотографија од овие суштества која многу често ја забораваме. Но кога ќе дознаете дека тие суштества живеат во нас, а науката знае многу малку за нив сигурно ќе се загрижите.
Нашите тела содржат многу повеќе микроорганизми отколку што се мислело. А она што е интересно е што повеќето од нив не се видени претходно. Стивен Квејк, професор по биоинженерство и применета физика изјавил:
„Откривме работи кои ни се познати, работи кои се различни, но и работи кои се целосно нови за нас.“
Научниците дошле до ова откритие кога споредувале фрагменти од ДНК од човечка крв со базата на податоци која ги содржи живите форми. Тие биле шокирани кога откриле дека 99% од нашата ДНК во крвта не припаѓала на ниту една позната животна форма.
Првично истражувачите сакале да најдат начин да го предвидат успехот на трансплантацијата на органи. Тие помислиле дека за да го предвидат потенцијалното одбивање на органот треба да направат истражување за ДНК во крвната плазма. Во истражувањето ја анализирале крвта на 188 пациенти, за да видат дали комбинацијата на ДНК-та на пациентот и донаторот ќе биде во ред. Овој метод се покажал како добар, па научниците го објавиле своето откритие во 2015 година.
Но, тие откриле и уште нешто. Од целата нечовечка ДНК која ја собрал тимот, 99% од неа не можела да се споредат со ништо во нивната генетска база на податоци.
Квејк изјавил дека истражувањата многу често ја испуштаат големата слика. На пример, истражувачите ги разгледуваат микроорганизмите на само еден дел од телото, како стомакот или кожата. Но со примероци од крвта може да се разгледаат повеќе аспекти. Токму овие испитувања на крвта го направиле ова откритие возможно и ни покажале колку малку знаеме за нашето тело.