95-годишни близначки ја откриваат тајната на долгиот живот
Ако барате нова инспирација на Инстаграм, имаме одличен предлог за вас! Лил и Дорис, познати како близначките Типтоп (Tipton Twins) имаат 95 години и се најстарите близначки во Велика Британија. Иако имаат само 2.000 следбеници досега, веруваме дека брзо ќе го достигнат статусот на инфлуенсерки поради нивниот сладок однос и одличните совети што ги споделуваат. Да не заборавиме и на фактот дека вистински уживаат во постарата доба.
View this post on Instagram
Без разлика дали станува збор за јога, фудбал или гледање на најновите кино хитови, близначките сакаат сè да пробаат и да видат за да уживаат. Тие неодамна дури и земале смартфон за да можат подобро да ги уредуваат и следат своите социјални мрежи. И да, тие покрај Инстаграм, имаат и Фејсбук, Твитер… Никогаш не е предоцна за да ѝ се дозволи на технологијата да стане дел од нашиот живот.
View this post on Instagram
Што се однесува до тајната за долг живот, ако ги прашате нив, тие би ви рекле: „Немаме секс, но затоа пиеме многу повеќе Гинис!“ Изгледа и хуморот подмладува! Овие британски старици треба да бидат пример за сите.
View this post on Instagram