9 знаци дека треба да поработите на вашата емоционална интелигенција

9 знаци дека треба да поработите на вашата емоционална интелигенција

Целиот наш живот учиме најразлични предмети во училиште: историја, географија, хемија, математика, странски јазици… Но, дали некој ве научил како треба да комуницирате со луѓето? Колку и да се сметате себеси за комуникативни, вашите социјални вештини можеби не се на толку високо ниво, освен ако не сте природно емоционално интелигентни. На емоционално интелигентните луѓе, овие вештини им доаѓаат природно и тие веднаш ги разбираат знаците што им ги праќа соговорникот.

9 знаци дека треба да поработите на вашата емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција подразбира способност за формирање значајни меѓучовечки врски во сите области од животот, како што се врските со семејството, пријателите и колегите на работа. Доколку ви е тешко да се согласите со луѓето од која било животна област, можеби треба да поработите на вашата емоционална интелигенција.

Развиената емоционална интелигенција ќе ви овозможи да ги препознавате туѓите емоционални состојби и да се справувате со ситуации од секаков тип. Доколку се сомневате дека можеби ви недостасуваат ваквите вештини, прочитајте ги следниве 9 знаци кои ќе ви покажат дека треба да обрнете внимание на вашата емоционална интелигенција.

1. Не сте задоволни од животот

Емоционално интелигентните луѓе знаат кои се нивните соништа и имаат мотивација истите да ги следат. Тие постојано се обидуваат да бидат подобри и се стремат кон тоа да ги остварат целите што ќе му дадат смисла на нивниот живот. Поради тоа, луѓето со висока емоционална интелигенција се многу амбициозни и не се сомневаат дека се движат на вистинскиот пат.

2. Ви недостасува самодоверба

Експертите тврдат дека постои врска помеѓу емоционалната интелигенција и самодовербата. Емоционално интелигентните луѓе знаат колку вредат, што значи дека добро ги познаваат сопствените доблести и мани и имаат висока самодоверба. Овие луѓе не се понижуваат себеси и не се фалат за да ги скријат недостатоците. Немаат потреба да го прават тоа, бидејќи се сигурни во себе.

3. Лесно се вознемирувате

Доколку не можете да се справите со секојдневниот стрес, тоа е знак на ниска емоционална интелигенција. Емоционално интелигентните луѓе не се вознемируваат поради ситници. Тие се способни да останат смирени и сконцентрирани, можат да ги издржат лошите случувања и знаат како да се справат со негативните емоции без да се повлечат во себе.

4. Луѓето не ви се доверуваат

Луѓето со висока емоционална интелигенција знаат како да слушаат. Доколку луѓето не ви се доверуваат и не разговараат за лични работи со вас, тоа можеби е знак дека на вашата емоционална интелигенција ѝ треба работа. Човечките врски треба да бидат заемно корисни и да функционираат на принципот „давање-добивање“ што овозможува чувство на доверба и сочувство.

9 знаци дека треба да поработите на вашата емоционална интелигенција

5. Неодлучни сте

Емоционално интелигентните луѓе знаат како да ги користат нивните емоции при донесувањето одлуки. Тие се способни да го најдат вистинското решение за проблемите и можат да воспостават рамнотежа помеѓу интуицијата и материјалните докази. Тие знаат како да ја искористат вистинската емоција во вистинско време и со вистински интензитет.

6. Осамени сте

Луѓето со ниска емоционална интелигенција честопати ставаат маска за да изгледаат добро пред другите. На тој начин, тие не им дозволуваат на луѓето да го запознаат нивното вистинско „јас“. Тоа може да доведе до чувство на осаменост, особено ако ги рефлектирате вашите недостатоци на останатите.

7. Тешко ви е да се контролирате

Импулсивните емотивни реакции се знак дека вашата емоционална интелигенција е ниска. Ако забележите дека реагирате на начин што не ви се допаѓа, брзо се повлекувате, лесно ве преплавуваат емоции и донесувате импулсивни одлуки, веројатно треба да поработите на емоционалната интелигенција. Доколку ја зголемите самосвесноста, ќе успеете да се контролирате во проблематични ситуации.

8. Имате токсични врски

Квалитетот на вашите врски е клучниот фактор што покажува колку е висока вашата емоционална интелигенција. Дали постојано одбирате погрешни партнери? Дури и да сте го пронашле вистинскиот партнер и пријатели, веројатно не можете да ја одржите врската бидејќи сте пасивни, агресивни или пасивно-агресивни во комуникацијата. Можеби очекувате од вашиот партнер да ви ги чита мислите. Тоа се главните показатели на тоа дека треба да поработите на вашата емоционална интелигенција.

9. Секогаш ги следите другите

Доколку забележите дека постојано се повлекувате и им дозволувате на другите да ве водат, тоа е така бидејќи не можете да процените какви насоки им требаат на луѓето. Емоционално интелигентните луѓе се подобри лидери. Тие знаат како да ги мотивираат другите и по пат на соработка стигнуваат до остварувањето на сопствените цели.

Доколку не се пронајдовте во овие 9 знаци, честитки! Вие поседувате висока емоционална интелигенција. За да го потврдите тоа, прочитајте ги овие 15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар