9 вознемирувачки експерименти со деца
Мудроста и знаењето не доаѓаат од никаде, тие се појавуваат по многу обиди и грешки. Благодарение на научниците кои не се плашеле од експерименти, грешки и ризици, денес ја имаме светилката, вакцините и декодирањето на ДНК. Но испитувањето на човечката природа е навистина деликатна задача и експериментите со деца отсекогаш предизвикуваат контроверзија. Па, погледнете некои од највознемирувачките експерименти со деца кои предизвикале лавина реакции.
1. Како децата го копираат однесувањето на возрасните?
Во средината на 20-тиот век психологот Алберт Бандура сакал да открие колку далеку би оделе децата во копирање на однесувањето на возрасните. Тој земал голема кукла и ја нарекол Бобо и направил неколку видеа. Во едно од видеата возрасна личност ја прегрнувала куклата и си играла. Во другото, возрасниот ја туркал куклата, па дури и ја удирал со гумен чекан.
Децата ги поделил во три групи. На првата ѝ го покажал првото, на другата второто видео, а на третата група не ѝ покажал ништо. Сите деца влегувале во собата каде што бил Бобо. Во собата имало чекани и пиштоли. Децата што го гледале агресивното видео почнале да ја малтретираат куклата без двоумење. Ја удирале со нозете и со чеканот и ѝ се заканувале со пиштолот. Другите 2 групи не покажале никаков знак на насилство.
Заклучок: Децата го имитираат однесувањето на возрасните често без размислување. Па ако вашето дете користи лоши зборови, не се однесува пристојно и слично, размислете кој го имитира.
2. Одгледување шимпанзо како сестра на вашето дете
Во 1930-тите научниците се обидувале да разберат колкав дел од интелигенцијата е наследен. Дури постоела и луда теорија дека шимпанзата не зборуваат и не се свесни за добри манири бидејќи не растат со човечки деца.
Психологот В. Н. Келог решил да ја тестира теоријата. Кога се родил неговиот син Доналд, неговото семејство го посвоило и 7-месечното женско шимпанзо Гуа. Тие ги одгледувале како да се брат и сестра. Но, експериментот тргнал во погрешна насока. Иако Гуа научила да држи лажица и малку да го разбира човечкиот јазик, немало никаков развиток во нејзиниот развој. Доналд, од друга страна, почнал да повторува многу нешта од неговата „сестра“. Тој викал, скокал и касал и можел да кажува само 3 збора до 1 и пол година. Експериментот веднаш бил сопрен.
Заклучок: Детето може да го копира однесувањето на животните. Од друга страна пак, обидот да се хуманизира животното е неуспешен, дури и кога станува збор за вид најблизок до луѓето.
3. Како да направите дете да се чувствува виновно?
Психолозите од Универзитетот во Ајова одлучиле на многу груб начин да откријат како децата развиваат чувство на вина. Тие го употребиле експериментот со скршената кукла. Возрасен му покажувал кукла на детето и му кажувал колку му значи и колку ја сака. Потоа му ја давал на детето и го замолувал да биде екстремно внимателно со неа. Во куклата имало посебен механизам што ја кршел откако ќе се најде во рацете на детето. Според инструкциите на психолозите, по кршењето на куклата возрасниот во собата требало во тишина да го гледа детето една минута.
Навистина е тешко да се замисли што се случувало во главата на детето кое најверојатно се чувствувало виновно. Тишината само ја влошувала ситуацијата. По некое време возрасниот му кажувал на детето дека никој не е виновен за ситуацијата, но штетата веќе била направена и детето се чувствувало виновно.
Заклучок: Децата што учествувале во експериментот се однесувале внимателно и мирно во наредните години. Но мала е веројатноста дека научиле што е здраво чувство на вина. Најверојатно нивното однесување е резултат од стравот дека ќе разочараат некого.
4. Присилна трансформација од Брус во Бренда
Брус Рејмер бил роден во 1965-та година во Канада заедно со неговиот брат близнак. Кога имал 8 месеци бил обрежан и дел од неговиот полов орган бил изгорен поради медицинска грешка. Психологот Џон Мани им дал радикален совет на родителите – да направат операција, да му го променат полот и да го одгледаат како девојче. Родителите одлучиле дека идејата е добра, а ова била и совршена можност за доктор Мани да докаже дека одгледувањето, а не природата, влијае на половиот идентитет на личноста.
Но, Брус не сакал да стане Бренда, да носи фустани или да си игра со кукли. Тој сакал да биде момче како неговиот брат. Џон Мани ги убедил родителите дека ова е „проблематична возраст“ и дека ќе помине многу брзо. Но проблемот само се влошувал со текот на годините. Откако ја открило вистината, момчето направило неколку операции и повторно станало маж со име Дејвид. Подоцна се венчал, но на 38-годишна возраст извршил самоубиство.
Заклучок: Овие експерименти лесно можат да ја скршат психата на детето. Денес половиот идентитет се истражува многу. Одлуката да не се одредува полот на детето пред тоа самото да може да одлучи е тема на многу дебати и расправи. Но едно нешто е сигурно – овие експерименти со деца се вистински криминал.
Продолжува на следната страница…