9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

Овие 9 карактеристични типови личности го прават човештвото специјално, не само поради интеракцијата меѓу нив, туку и поради својата внатрешност. Синхроницитетот ги поврзува заедно во убав систем кој прави сè да функционира како што треба. Ниеден човек не може да се претстави само со една од овие личности, туку најчесто е мешавина од неколку. Станува збор за начин на размислување кое се фокусира на среќните моменти, без да бидеме свесни дека секое делче од сложувалката е интегрален дел од духовната еволуција на човештвото. Сѐ се менува толку брзо и секој од овие сегменти има важна улога во формирањето на човечката свест.

Девет типови на личности кои го менуваат светот

1. Иницијатори

Без оглед на иницијативата, ова се личностите кои го движат светот напред. Тие го симболизираат принципот на почеток и иницијација низ чистота на причината. Тоа е енергијата која ги започнува сите дејствија и нè води во нови правци. Без нив, многу работи ќе останеа ненаправени, бидејќи кога никој друг не би сакал да ги направи. Тие истапуваат и се истакнуваат со својата храброст, оригиналност и решителност.

Силни страни:
  • Креатори и водечка сила на свеста и големите движења.
  • Не гледаат крај на нивните патувања и цели во животот.
  • Најмоќните иницијатори се оние кои веруваат дека е подобро да служиш отколку да владееш.
  • Секогаш се напред и им го покажуваат патот на другите.
  • Веруваат во своите способности да го разликуваат доброто од злото.
  • Најчесто се ментално посилни од останатите луѓе.
  • Живеат онака како што тие мислат дека треба и ништо не може да им застане на патот.
  • Генерално се оптимистични луѓе кои поседуваат голема внатрешна сила и често се инспирација за другите.
  • Самите себеси се мотивираат и се желни за напредок.
  • Поседуваат лидерски способности кои привлекуваат многу следачи.

2. Исцелители

Бидејќи Иницијаторите често се повредуваат себеси, во нивните константни обиди да одат напред, Исцелителите се неопходни да го вратат балансот во нивното физичко здравје. Во овој тип луѓе доминира женствената енергија, но има и многу мажи со силна исцелителна енергија. Тие го симболизираат принципот на соединување со другиот, помеѓу позитивното и негативното, машкото и женското, денот и ноќта, црното и белото, јин и јан. Тие ги соединуваат сродните умови и идеали. За исцелителите животот мора да има значење. Тие имаат најсилна интуиција од сите типови личности.

Силни страни:
  • Вешти медијатори кои покажуваат високо ниво на сочувство и емпатија.
  • Нивната интуиција е на највисоко ниво споредена со другите типови личности.
  • Тие се вечни оптимисти дека светот ќе стане подобро место за живеење и дека сите ќе живеат во мир и хармонија.
  • Добро соработуваат со другите со цел да постигнат хармонија во нивните животи.
  • Избегнуваат конфликти и расправии и наместо тоа ја гледаат поголемата слика.
  • Секогаш се обидуваат да се несебични и фокусирани на правењето добри дела.
  • Се грижат сите да го искористат целиот свој потенцијал.
  • Сакаат да бидат прифатени онакви какви што се и настојуваат да најдат работа која ќе им овозможи да се искажат во вистинско светло.
  • Го помагаат својот личен напредок и напредокот на другите.
  • Се грижат децата да растат во топла и пријатна средина, дури и на сметка на нивниот личен комфор.

3. Катализатори

Катализаторите на светот имаат единствена дарба со голема креативност постојано да ги менуваат луѓето и околностите. Тие се посредници на планетата кои им овозможуваат на другите да ја искористат својата енергија. Кога Иницијаторите и Исцелителите се немоќни, тие бараат помош од Катализаторите на квантно ниво. Никој од нив не може да разбере што прават за другите, но кога Иницијаторите и Исцелителите ќе се здружат, тие често имаат потреба од синтезата на Катализаторот за да ја искористат ефективно целата енергија.

Силни страни:
  • Имаат карактеристики на возвишен водич.
  • Можат да им помогнат на сите да најдат мир, чистина и љубов во себе.
  • Способни се да се справуваат со животните падови и подеми и не очајуваат долго кога доживуваат неуспех.
  • Повеќето се надарени музичари, писатели, танчари и јавни оратори.
  • Имаат широки размислувања.
  • Се одликуваат со ентузијазам, младоликост и живост.
  • Одлично комуницираат и често брилијантно владеат со јазикот.
  • Чувствуваат потреба да инспирираат и да го разубават светот со нивните природни можности.
  • Охрабруваат повеќе отколку што обесхрабруваат и секогаш наоѓаат решенија наместо проблеми.

4. Заштитници

Пред да постои каква било технологија, постоела Геја, односно мајката Земја според грчката митологија. Повеќето модерни луѓе ја изгубиле врската со Геја. Заштитниците не се свесни дека можат да играат со светлината, но знаат дека се поврзани со свеста на Геја. Тие ги гушкаат дрвјата, се грижат за животната средина, одгледуваат градини, комуницираат со животни и искрено ја сакаат природата. Некои ја игнорираат нивната диетална потреба за енергија и наместо тоа ги жртвуваат своите потреби за нивната вистина и љубов кон Геја. Тие ја сакаат Земјата и Мајката природа онаква каква што е и со сето тоа што го обезбедува за нас и таа страст не ги напушта до крајот на животот.

Силни страни:
  • Работат макотрпно и можат да бидат многу упорни.
  • Наоѓаат големо задоволство во достигнувањата кои ги постигнале со физичка работа, посебно кога се работи за обработка на земјата и повеќе се радуваат на резултатите отколку на финансиската награда или јавното признание.
  • Веруваат во самоконтролата и имаат зацртани цели, но тоа се едноставни и скромни цели.
  • Не сакаат да создаваат неволји, но ги ценат моралните убедувања и не отстапуваат кога се убедени дека го прават вистинското нешто.
  • Обврската на подолг рок за нив е приоритет бидејќи тие се лојални и совесни.
  • Амбициозни се и ориентирани кон кариерата.
  • Градат сигурни основи за себе и други, и се грижат сите да бидат безбедни и сигурни.

5. Менувачи на играта

Менувачите на играта имаат најголем број стари души од сите типови личности. Тие се екстремни индивидуалци и во душата и во умот. Имаат многу интереси и се мултиталентирани. Тие се атрактивни, независни, слободоумни и брзо се движат низ животот. Тие често се сексуални суштества. Одбиваат забрани и одговорности, додека често се одликуваат со нестабилност и непредвидливост. Го одвлекуваат нашето внимание кон чудата на животот и нѐ повикуваат да го цениме хаосот околу нас. Па зошто тие ја менуваат „играта“? Бидејќи одат наоколу и шират сочувствителни акции вклучувајќи ги сите други.

Силни страни:
  • Го практикуваат принципот на многустраност, прогресија и страст и ја симболизираат потребата од промени, разновидност и нов раст.
  • Пренесуваат и шират информации како никој друг.
  • Тие се прагматични и опортунисти и можат да бидат многу, многу убедливи.
  • Најчесто се интелектуалци, сестрани и имагинативни.
  • Големата флексибилност им овозможува да запрат со нешто што прават и да продолжат во сосема друга насока.
  • Не се држат до ништо кое создава монотонија во нивните животи и се гадат од рутина и досадни, монотони професии.
  • Имаат способност да се адаптираат и да се менуваат бидејќи имаат слободен дух, со чувство за авантури.
  • Крајно љубопитни индивидуалци кои сметаат дека искуството е најдобро школо во животот.

6. Негуватели

Негувателот ја претставува хармонијата, балансот, искреноста, љубовта и вистината. Тие се сметаат за најхармонични од сите типови личности. Секогаш имаат силен импулс за креирање хармонична и мирна средина. Го осветлуваат нашиот пат во областите кои бараат спиритуален и духовен баланс. Тие нè учат како да управуваме со сочувството и свесно во секоја ситуација да избираме опростување. Тие се мајки на светот. Тие знаат да се жртвуваат, да се грижат, да помагаат, да ги штитат и учат другите. Ниедно семејство или општество не може да функционира без моќта на Негувателот, која ги држи на сигурно.

Силни страни:
  • Ја симболизираат одговорноста и услугата, кои ги постигнуваат преку љубовта, негата и заштитата.
  • Поседуваат вродена внатрешна желба да донесат хармонија, мир, правда и вистина во животот.
  • Најголемата радост во животот ја црпат од грижата за сите и овие луѓе се чувствуваат најкорисно кога ги поправаат нештата.
  • Ќе се борат за своите идеали и принципи во корист на другите.
  • Имаат силни верувања и ставови за она што го чувствуваат како вистина.
  • Во врска тие љубат, нудат поддршка, утеха и бараат стабилни и балансирани партнери.
  • Тие се одлични домаќини за сите и знаат како да внесат љубов, баланс и убавина на сите семејни пригоди и општествени собири.

7. Истражувачи

Тие резонираат со вибрациите и енергиите од колективната свест, вербата и духовноста. Тие се занимаваат со езотеричните и научните аспекти на реалноста. Фокусирани се на активирањето на имагинацијата и вклучувањето на резултатите во нашите животи преку употребата на свесни мисли и спознанија. Тие во себе носат нешто што може да се нарече магична вибрација, со основни разбирања на фундаменталните закони на универзумот. Тие се таинствени, мистериозни, интуитивни и интроспективни. Тие се визионери и мислители и секогаш се обидуваат да ги најдат основните, скриени вистини.

Силни страни:
  • Тие се едни од најголемите мислители и често големи визионери.
  • Ја сакаат природната убавина и цутат кога се наоѓаат во природно опкружување, далеку од цивилизацијата.
  • Имаат неверојатна способност да ги лекуваат луѓето на спиритуални, емоционални и духовни нивоа.
  • Имаат способност интуитивно да ги разберат потребите на другите.
  • Бараат многу од другите, но и од себеси, затоа што имаат многу високи стандарди.
  • Вљубени се во убавината на природата, цвеќињата, растенијата, океаните, морињата и езерата.
  • Не се задоволуваат сè додека не најдат врска помеѓу познатото и непознатото.
  • Знаењето и мудроста се нивна цел и нивната интелигенција води до тоа да најдат многу извори на информации.

8. Стабилизатори

Тие се најмалку сфатените типови личности. Кога Стабилизаторот на кармата ќе тропне на вашата врата, можете да бидете сигурни дека ќе го жнеете она што сте го посеале. Тие се практични, реални и интелигентни. Покажуваат вибрации од авторитет и лична моќ, самодоверба, способности за извршување, внатрешна сила, професионализам, менаџирање, материјална слобода, успех, добро расудување, пари. Тие ја знаат разликата помеѓу природната и вештачката духовност и се чувствуваат покомотно во царството на материјалните факти кои можат да се допрат. Тие се фокусираат на резултатите, често во форма на пари, а сепак не се грижат многу за парите како средство за задоволување на потребите. Стабилизаторите не се алчни и парите ги гледаат само како алатка, а не како краен резултат.

Силни страни:
  • Сигурни се и задоволни од себеси.
  • Знаат што сакаат од животот и знаат како да ги остварат своите цели.
  • Решителни и со силна волја.
  • Никогаш нема да ги предадат своите верувања и принципи.
  • Најчесто нивна главна цел е да научат да манипулираат со пари и моќ, без да се корумпираат во текот на процесот.
  • Поседуваат природни лидерски квалитети, долгорочни визии и во текот на животот можат да се стекнат со многу моќ, престиж и богатство.
  • Имаат огромен потенцијал за да ги подобрат животите на илјадници други луѓе, на практични начини, што е дел од нивните способности за стабилизирање.
  • Доверливи се и независни и не бараат милост од никого.
  • Поддржуваат сè што носи убавина, правда, значење и профит во светот.

9. Финализатори

Тие се поврзани со универзалната љубов, вечноста и вербата. Поседуваат мудрост и одговорност и нивната крајна цел е да му служат на човештвото. Тие се справуваат со интелектуалната моќ, инвентивноста, влијанието врз ситуациите и нештата. Тие ни помагаат да ги препознаеме нашите внатрешни атрибути и да ги искористиме овие способности во светот, за да направиме позитивна разлика. Оваа вибрација му служи на светот и го прави подобро место за живот. Тие работат без мотив. Нивна цел е подобар живот за сите. Тие имаат заштитничка енергија и голема моќ и љубов во нивната душа. Интуитивно, Финализаторите ги разбираат врските помеѓу целото човештво.

Силни страни:
  • Сочувствителност, несебичност и великодушност.
  • Мудрост, интуиција и идеализам.
  • Тие се милосрдни, добротворни, алтруистички настроени.
  • Имаат големо разбирање за угнетените и неразбраните.
  • Ги делат аспирациите и идеалите на понапредните души.
  • Тие се мечтатели кои се чувствуваат како дома во царството на уметноста, медицината, религијата, драмата, филозофијата и метафизиката.
  • Исцелители се и учители, кои секогаш работат за доброто на другите.
  • Бараат решение од инспиративниот и креативен свет.
  • Се грижат за сите, но мора да научат да зборуваат гласно кога тие самите имаат потреба од помош, љубов и поддршка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар