9-те најморничави дестинации во Европа

9-те најморничави дестинации во Европа

Иако Европа не е единственото место со долга и богата историја, сепак може да се каже дека нејзината историја е најморничава. Многу луѓе патуваат низ Европа поради природните убавини и целото културно наследство кое го има, но ако сакате малку поинакво искуство, погледнете ги најчудните и најморничавите места кои се кријат на нашиот континент.

1. Куќата на коски во Халштат, Австрија

(1)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Овој мал град е сместен помеѓу стрмни ридови и огромно езеро, па затоа и нема место за градски гробишта. До доцниот 19-ти век единствен начин да се стигне до градот било со чамец. Пред околу 900 години, жителите на градот почнале да ги откопуваат мртвите тела на секои 10 до 15 години, и да ги преместуваат во „куќата на коските“. Оваа гробница се наоѓа во капелата Свети Михаил и денес е достапна за туристи. Овде можете да видите околу 600 скелети од мажи, жени и деца наредени по ѕидовите. Черепите се украсени со листови или цветови, и на нив е напишано името на починатиот.

2. Катакомбите Капучин во Палермо, Италија

(2)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Сицилијанскиот град на смртта е дом на 8.000 трупови, вклучувајќи и 1.200 мумии. На почетокот ова било гробница за следбениците на свештеничкиот ред Капучин, но процесот кој се користел за зачувување на труповите ги привлекол припадниците на „локалната елита“. Се користеле техники на сушење и балсамирање, па денес можете да најдете илјадници „жители“ облечени во најубавата облека кои датираат од 16-тиот до 20-тиот век.

3. Црквата на духови, Чешка

(3)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Локалниот уметник, Јакоб Хадрава, ѝ дал нов живот на црквата Свети Ѓорги која се срушила во 1960-тите. Тој ја исполнил внатрешноста на црквата со морничави фигури кои наликуваат на духови, а некои од нив ги опремил и со светилки кои го прават нивниот изглед уште пострашен.

4. Шумата Хоија Бакиу, Романија

(4)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Уште кога ќе ги слушнете прекарите „Бермудскиот триаголник на Романија“ и „Најопседната шума во светот“ ќе ви стане јасно дека овде има добра приказна. Шумата е позната по секакви приказни поврзани со натприродното – од НЛО, па сè до чудни исчезнувања. И сето ова се случува на површина од 3 километри квадратни. Неодамна еден турист од Нов Зеланд загинал во шумата откако допрел соголена електрична жица. Шумата исто така има и круг на кој не може да расте ништо.

5. Врвот на крстовите, Литванија

(5)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Католиците од Литванија доаѓале на овој рид и подигнувале крстови уште од 1830-тите, и претставувале вистинска закана за руската православна црква и советскиот комунизам во 19-тиот и 20-тиот век. И покрај ова, дестинацијата постои и денес и се смета дека овде има околу 100.000 крстови. Ова место е толку познато што во 1993 година папата Јован Павле Втори бил во посета.

6. Замокот Единбург, Шкотска

(6)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Многу луѓе ќе ви кажат дека Единбург е најопседнатиот град во Европа. Ако ова е точно, овој замок од 12-ти век е центар на сите натприродни случувања. Се верува дека ходниците и занданите на овој замок се полни со духовите на затвореници и музичари кои живееле овде.

7. Кортихо Хурадо, Шпанија

(7)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Приказната за оваа куќа која била изградена од богато семејство во 19-тиот век има навистина морничав дел. Се смета дека куќата е опседната поради гласините кои кружат за нејзините први сопственици. Семејството киднапирало млади жени и тинејџерки кои биле мачени и ги убивани. Денес туристите кои го посетуваат местото тврдат дека слушале чудни и ужасни звуци и гласови.

8. Костурница Седлец, Чешка

(8)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Оваа костурница се наоѓа во подрумот на готската Коскена црква во Чешка. Овде се наоѓаат коските на речиси 50.000 луѓе кои умреле во 14-тиот и 15-тиот век поради црната чума. Коските се наредени по ѕидовите и таванот и привлекуваат 200.000 туристи секоја година. Интересно е што оваа црква е под заштита на УНЕСКО.

9. Замокот Бран во Трансилванија, Романија

(9)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mk

Ако прашате кој било модерен турист, ќе ви каже дека ова е замокот на Дракула. Сепак, ова не е единственото нешто што го прави морничав. Овде се наоѓала тврдина изградена во 1212 година, која била уништена од војската на Џингис Кан. Градбата која постои и денес е изградена во доцните 1300-ти. Познато е дека Брам Стокер, авторот на Дракула, го нема посетено замокот, но многумина веруваат дека инспирацијата ја добил кога видел слика од него во една книга. Овој факт го прави замокот навистина уникатно делче од историјата.

Погледнете и кои се најдобрите дестинации во Европа за дегустација на вино.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар