9 стереотипи за жените кои мора веднаш да се заборават
Жените секојдневно се сретнуваат со предрасуди поврзани со нивните способности или карактер. Верувале или не, некои мажи сè уште веруваат дека жените не знаат како сами да сменат сијалица. Токму затоа погледнете ги овие 9 стереотипи кои навистина мора веднаш да изумрат.
1. Жените не поднесуваат „машки“ алкохолни пијалаци. Ако мислите дека жените сакаат само шарени коктели со мали чадорчиња и цел тон лед за разредување на алкохолот, тогаш дефинитивно се лажете. Тие обожаваат квалитетно пиво, чаша добро црвено вино и силно виски.
2. Жените не знаат ништо за спортот и гледаат натпревари само поради згодните спортисти. Би се изненадиле колку жени го познаваат спортот исто толку добро како и мажите, ако не и подобро од нив. Исто така ретко која жена смета дека е секси кога група испотени фраери бркаат една топка по терен.
3. За жените, врв на спортска активност е еден час пилатес или зумба. Кажете им го тоа на сите оние жени кои тренираат бокс, веслање, атлетика…
4. Жените сакаат да бидат домаќинки и главниот приоритет во животот им е бракот. И покрај тоа што постојат жени кои целосно се посветуваат на нивното семејство, постојат и жени кои целосно се посветуваат на кариерата. Воопшто не е срамота да ја сакате вашата работа.
5. Ако жените ја сакаат својата работа, тогаш не сакаат да имаат деца. Работата и семејството одат заедно, но најчесто сè зависи од самата личност. Доколку една жена ги сака и двете нешта, тогаш таа ќе се потруди да ги оствари.
6. Жените не можат ни сијалица да променат без помошта на мажите. Тие се многу способни сами да носат тешки предмети, да променат сијалица, да ги заменат осигурувачите како и да поправат различни видови дефекти.
7. Жените гледаат само романтични комедии. Тоа ни најмалку не е точно. Повторно, секоја жена е различна, но повеќето од нив подеднакво уживаат и во акции и во хорори.
8. Жените се дотеруваат со цел да им паднат во очи на мажите. Не, жените се облекуваат убаво затоа што ја сакаат модата и облеката. Тие не го прават тоа поради други мажи или жени, туку едноставно сакаат да се чувствуваат убаво во својата кожа.
9. Се плашат да патуваат сами. Верувале или не, тие обожаваат кога единствениот нивен сопатник е нивниот пасош. Иако уживаат во одморите со партнерот, друштвото или семејството, тие понекогаш сакаат целосно да се опуштат и да се посветат само на себе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.