9 совети и трикови за преживување опасни ситуации - Part 2

9 совети и трикови за преживување опасни ситуации

5. Не ги заборавајте „правилата на тројки“

(5)9-soveti-i-trikovi-za-prezhivuvanje-kritichni-situacii-kafepauza.mk

Овие правила покажуваат колку би преживеал просечен човек во некои одредени услови.

  • 3 минути без воздух е просекот пред човек да изгуби свест.
  • 3 дена без вода, по што следува дехидрација опасна по живот.
  • 3 недели без храна без сериозни последици по здравјето. Во критични ситуации, телото се обновува и понекогаш може да издржи и цел месец без храна.

Кога работите не се како што треба, сетете се на овие правила и поставете си приоритети.

6. Залепете ја раната

Да кажеме дека работите нешто во вашата куќа, но се пресекувате, а околу вас нема ништо што би можеле да ѝ ставите на раната. Суперлепакот ќе ви помогне во оваа ситуација. Не само што ќе ги спои краевите на раната, туку и ќе ја дезинфицира. Се разбира, потоа најдобро е да отидете на лекар.

7. Немојте да јадете снег кога сте жедни

Многумина сметаат дека е добра идеја да се јаде снег за да се изгасни жедта. Но, најдобро е да не го правите ова во критична ситуација. Студениот снег ќе го излади вашето тело и тоа ќе потроши уште повеќе енергија за да се стопли. А ова значи дека ќе замрзнете побрзо. Најдобро е да почекате да се растопи снегот, па да ја испиете водата.

8. Гаснење запалена тава

Потребни се само неколку секунди за една тава да се запали. Ова се случува кога маслото премногу ќе се загрее. Ако дојде до нешто вакво, никако немојте да истурате вода на запаленото масло. Ова само ќе го засили огнот, а маслото ќе почне да прска на сите страни. Ако станува збор за мал оган, можете да ставите сода бикарбона во тавата – таа го собира кислородот. Сепак, најефективниот начин за гаснење е покривање на огнот со дебела памучна крпа.

9. Длабока исекотина

Многу луѓе веруваат дека кога ќе се пресечете треба веднаш да го отстраните предметот и да ја исчистите раната. Но, ако раната е длабока, немојте да го отстранувате предметот. Бидејќи веќе сте оштетиле големи крвни садови, предметот кој стои во раната ги блокира. Штом ќе го отстраните, ќе почнете да краварите. Понекогаш најдобро е воопшто да не го допирате повреденото место додека не пристигне некое стручно лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар