9 сосема обични луѓе кои случајно откриле големи богатства
Светот е полн со непредвидливи ситуации и нешта. А многу често луѓето наидуваат токму на нив. Во продолжение погледнете ги најинтересните вистински приказни за обични луѓе кои неочекувано нашле големи богатства.
1. Фабержеово јајце
Еден човек купил метално јајце со бисери и часовник внатре. Тој платил околу 13.000 евра и сакал да го продаде за повисока цена. Но, никој не сакал јајце со часовник. Па човекот решил да ја открие историјата на предметот. Тој забележал некаков симбол, го пребарал на Гугл и открил натпис за Фабержеово јајце. Јајцето што го купил излегло дека е велигденско јајце кое Александар Трети, император од Русија, го порачал за својата сопруга во 1887 година. Никој не знае како јајцето се нашло во САД, но човекот сега е побогат за 33 милиони евра.
2. Златна грутка од 5,5 килограми
Еден аматер трагач по злато шетал на една плажа во Австралија кога открил чуден предмет под песокот. На почетокот мислел дека е дел од некој автомобил, но кога започнал со копање сфатил дека станува збор за злато. Кога успеал да го откопа открил дека тежи 5,5 килограми и е една од најголемите златни грутки пронајдени во тој регион. Грутката била проценета на околу 300.000 евра, а тоа било сосема доволно да ги покрие трошоците за металниот детектор и другата опрема.
3. Ферари 330 GT од 1966 пронајдено во гаража
Во Вајоминг еден човек купил куќа по цена од 250.000 евра. До куќата имало гаража на која ни купувачот, ни агентот за недвижнини не ѝ обрнале внимание. Новиот сопственик навистина се изненадел кога внатре открил Ферари од 1966-та година кое вреди речиси половина милион евра.
4. Древни предмети во дворот
На 5-ти јули 2009 година, Тери Херберт, фармер од Англија, шетал со својот детектор за метал околу куќата барајќи го прстенот што го изгубила неговата ќерка. Но наместо тоа, тој открил вистинско богатство. Тој пронашол 1.500 златни и сребрени предмети кои датираат од 7-миот век. Пронајдоците тежеле 7,5 килограми и се проценети на над 5 милиони евра. Бидејќи пронајдокот според законот ѝ припаѓа на државата, човекот добил награда половина од вредноста. Сепак, и тоа не е малку.
Продолжува на следната страница…