10 ситуации кои им се случуваат само на оние што постојано изгледаат намуртено
За жал, постојат луѓе чие лице во нормални околности изгледа како да е луто или намуртено. Луѓе, кои припаѓате во оваа категорија, честито, светот мисли дека го мразите. Факт е дека не е лесно да изгледате како да сакате да убиете некој во секој момент од вашиот живот, а еве и зошто.
1. Се возите со вашето момче/девојка во колата и одите на вечера. Вие си седите тивко и си потпевнувате од стиховите на песната која свири на плеерот. Единственото нешто што не е во ред со вас е тоа што сте уморни од работа, а сепак добивате прашање: „Добар/ра си?“ – „Да, да…“
2. 8 часот, недела. Пиете кафе и излегувате надвор да се видите со вашата мајка: „Добро ти е? Изгледаш уморно.“ – „Да, само не сум расонет/а.“
3. Започнувате разговор со нов колега во канцеларијата и по некое време ви кажува „Ти си навистина фина личност“ – „Фала што ме судиш по изгледот.“
4. Повторно седите во кола со вашето момче/девојка. Уживате во секој момент во кој не треба да зборувате. „Сигурно не си лут/а?“ – „Не, не сум.“
5. Почнавте да станувате блиски со колегата. По некое време ви вели: „Кога те запознав мислев дека си кренат/а.“
6. Се возите со сестрата/братот во кола и само молчите. „Сѐ е во ред?“ – „Сѐ е супер.“
7. Поминуваат две минути, истата ситуација додека се возите со сестрата/братот. „Ама сигурно сѐ е во ред?“ – „Да беееее.“
8. Стоите и не правите ништо. „Уморен/а си? Би било добро да си легнеш.“ – „Не, само сум уморен/а од прашањата дали сум уморен/а.“
9. Разговор помеѓу девојка со постојано намуртено лице со нејзината најдобра пријателка: „Те мразев кога се запознавме“ – „Зошто? Прилично сум сигурна дека не ти го зедов момчето, нити пак ти ги дупнав гумите.“
10. Ова е разговор што може да се случи помеѓу личност со намуртено лице и кој било – цимер, соработник, шеф, родител, брат/сестра, сосед или кое било друго човечко суштество: „Сигурно сѐ е во ред?“ – „Беше досега, сега се изнервирав.“