9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Кога нешто не е во ред, вашето тело ќе најде начин да ве извести за тоа. Ви испраќа знаци или, со други зборови, симптоми за да преземете нешто во врска со тоа. Првиот чекор што треба да го направите е да ги лоцирате и да ги третирате областите каде што чувствувате непријатност. Тогаш, од суштинско значење е да се обидете да спречите одредени движења или практики што ја предизвикале таа болка. Во продолжение прочитајте кои работи што ги правите секој ден може да ви предизвикаат болка.

1. Лошо држење на телото пред вашиот лаптоп кога работите

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Кога поминувате многу време седејќи со свиткан грб, може да развиете болка во долниот дел на грбот и болка околу централното подрачје на грбот. Покрај тоа, многу е вообичаено да чувствувате непријатност во вратот или во горниот дел од рамената бидејќи вратот треба да се справи со долготрајната напнатост кога гледате во екранот со часови.

Правилен начин на седење: Опуштете ги рамената, а лактите потпрете ги на телото. Со грбот потпрете се на задниот дел од столот. Исто така, направете агол од 90 до 100 степени на колковите и на колената. Не треба да ги свиткате нозете во висина на колковите или да ви висат во воздухот. Можете да го поставите горниот дел од екранот на лаптопот на дофат на хоризонталната линија на видот, така што вратот нема да вложува толку многу напор.

2. Кревање предмети од земја со наведнат грб

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Кога станува збор за кревање тежина, голема е веројатноста дека не го правите тоа правилно. Помислете кога треба да земете кутија од подот. Секако, првото нешто што треба да се земе предвид е дали имате доволно сила да кренете одредена количина тежина. Правењето погрешно движење или преценувањето на вашиот капацитет за подигнување тежок предмет може да доведе до сериозни повреди на грбот. Но, покрај тоа, еден од најважните фактори што треба да се разгледа е свиткувањето на грбот или на половината кога вршите толку тежок напор.

Правилен начин да кренете некој предмет: Раширете ги нозете и свиткајте ги колената. Затегнете го стомакот додека го кревате предметот и држете го колку што е можно поблиску до вашето тело и користете ги мускулите на колковите и на колената. Грбот треба да ви биде исправен постојано и да не го виткате ‘рбетот напред.

3. Спиење со лицето надолу

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Спиењето е една од најважните работи што ги правите и тоа е единствената активности што телото ја користи за да закрепне и да се подготви да ги извршува многуте функции што ги барате од него секој ден. Многу луѓе обожаваат да спијат со лицето надолу, но оваа позиција може да доведе до здравствени проблеми. Додека лежите со лицето надолу, вратот и вилицата се во неприродна положба. На крајот на краиштата, ова може да доведе до оштетување на мускулите, болка во вратот, па дури и тортиколис.

Препораки: За да се ослободите од оваа лоша навика, можете да лежите со лицето надолу додека не заспиете. Потоа, можете да ја смените положбата и да лежите со лицето нагоре или настрана. За да не се разбудите повторно на истиот начин, можете да поставите перница покрај вас и да ја гушкате во текот на ноќта за да избегнете враќање на какво било неправилно држење на телото додека спиете.

4. Носење на ранецот само на едното рамо

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Кога носите ранец или чанта само на едното рамо, вашето тело има тенденција да ја балансира таа тежина со другата страна на телото. Тоа може да предизвика контрактури и болка во вратот, особено ако тежината што ја носите е голема или ако не ја менувате тежината на другото рамо одвреме-навреме. Проблемите можат да се влошат ако немате активен начин на живот бидејќи вашето тело не може да издржи преоптоварување поради недостаток на отпор во мускулите.

Правилен начин за носење тежина: Дајте му приоритет на она што сакате да го носите во ранецот и префрлете го товарот од едното рамо на другото за да го избалансирате влијанието на тежината врз вашето тело. Ако носите ранец, треба да ги ставите најтешките работи на дното, а најлесните работи на врвот за да не го оштетите вратот.

5. Се движите додека гледате надолу во телефонот

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Денес, повеќето луѓе шетаат гледајќи ги својот телефон. Но, кога гледате како некој друг го прави тоа, можете да видите дека грбот и вратот страдаат поради тоа. За да постигнете правилно држење на телото, вашиот ‘рбет треба да биде во оптимална положба. Во спротивно, веројатно ќе се исцрпи и ќе ги изгубите рамнотежата и правилниот начин на движење на зглобовите. Освен тоа, може да се повредите или да почувствувате болка во мускулите.

Правилен начин за одржување добро држење на телото: Правете вежби кои ги зајакнуваат мускулите на грбот, карлицата и стомакот. Исто така, одржувањето здрава телесна тежина е клучно за да се избегнат проблемите со грбот. Обидете се да избегнувате многу високи и непријатни потпетици и проверете дали работите што најчесто ги гледате или ги користите се на соодветна висина.

6. Возење со лактот надвор од прозорецот или со седиштето премногу назад

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Повторувањето на одредено движење со текот на времето, особено она што вклучува повторувачки движења кои вршат притисок на тетивите, може да резултира со повреда. На пример, кога возите и ја потпирате раката надвор од прозорецот на автомобилот или ако седите премногу назад, го присилувате лактот или рамото да бидат во неприродна положба, што може да доведе до развој на тендинитис.

Препорака: Намалете ги сите активности што може да предизвикаат болка во зглобовите. Ако тоа не е можно, обидете се да ги релаксирате зглобовите комбинирајќи ја оваа активност со полесни вежби, како што се возење велосипед или пливање. Се разбира, не заборавајте да се истегнете по секоја активност. Се подразбира дека треба да обрнете внимание и да го исправите секое погрешно држење на телото што го имате при возење или извршување други задачи што вклучуваат користење на зглобовите.

7. Седнување со паричникот во задниот џеб на панталоните

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Кога не седите во правилна положба, првиот дел од вашето тело што може да претрпи последици е ишијасниот нерв. Тоа е нервот што ги поврзува вашите нозе со ‘рбетот. Понекогаш, овој вид штета се нанесува при извршување на секојдневните активности и вие не сте ни свесни што се случува. Класичен пример за тоа би било да седите на стол со паричник во задниот џеб. Оваа навика, покрај тоа што е непријатна, може да доведе до силна болка во ишијансиот нерв, кој го поврзува ‘рбетниот мозок со надворешниот бут. Ако не го смените начинот на седење со текот на време, оваа состојба може да стане трајна.

Препорака: Седете правилно, со празни џебови и со нозете на земја. Не ставајте ги нозете под задникот.

8. Седење со прекрстени нозе подолг временски период

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Колку и да изгледа пријатно, прекрстувањето на нозете подолг временски период е една од главните причини што може да доведат до проширени вени. Исто така, прекрстувањето на нозете може да ве направи повеќе склони кон развој на згрутчување на крвта.

Препорака: Постојано држете ги нозете паралелно. Вашите нозе секогаш треба да имаат некаква поткрепа, без разлика дали е тоа подот или некој друг предмет. Грбот секогаш треба да биде исправен.

9. Чистење стакло и други површини

9 штетни положби на телото за кои веројатно не сте свесни и како да ги избегнете нивните несакани ефекти

Кога ги чистите прозорците, може да ги изморите зглобовите. Ова може да придонесе за развој на повреда од постојан притисок. Тоа значи дека можеби нема да можете да ја движите раката или зглобот ако се појават компликации.

Препорака: Развијте силни коски со соодветен внес на калциум и избегнувајте да паѓате колку што е можно повеќе. Исто така, кога правите повторувачки движења, правете паузи почесто.

Прочитајте кои се придобивките од 4-те положби на спиење во однос на страните на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар