9 секојдневни реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на луѓето

9 секојдневни реченици кои треба да престанете да им ги кажувате на луѓето

Ја пофаливте вашата пријателка дека ослабела? Вие можеби мислите дека сте ѝ дале комплимент, но поради таквиот коментар таа може да се почувствува непријатно. Постојат реченици кои секојдневно ги користиме, а би требало засекогаш да ги исфрлиме од нашиот речник. Следуваат 9 од нив…

9 секојдневни реченици кои не смеете да им ги кажувате на луѓето

1. „Тоа не е моја работа, не сум платен/а за тоа“

Ова е најчестата реченица која ја користиме за да одбиеме да завршиме некоја работа. Во 99% од случаите оваа изјава ќе го налути вашиот шеф и ќе му даде до знаење дека не ви е гајле за работата. Наместо тоа подобро би било да кажете: „Имам многу обврски за денес. Што да завршам прво?“.

2. „Немам време да разговарам со тебе, имам премногу работа“

Оваа изјава е доказ за нечие лошо воспитување. Многу подобро и попристојно би било да кажете нешто како „Извини, но имам состанок кој само што не почнал. Ќе се чуеме и ќе разговараме за тоа друг пат“ или „Ќе разговараме за еден час, прво морам да завршам нешто“.

3. „Ова може да звучи глупаво, но…“

Ваквиот почеток на реченицата, односно разговорот, ја доведува до прашање важноста на сѐ она што ќе го кажете следно. Поради тоа, исфрлете ја од говорот оваа реченица со која покажувате несигурност и сомнеж.

4. „Без навреда, ама…“

Ова звучи како предупредување дека се подготвувате да кажете нешто непријатно. Поради тоа, личноста со која разговарате ќе ги доживее вашите зборови како навредливи. Ако забележите дека сакате да кажете нешто такво, веднаш променете ја темата.

5. „Си се здебелил/а!“ и „Си ослабел/а!“

Телесната тежина и физичкиот изглед се чувствителна тема за многумина. Многу луѓе тешко ги прифаќаат промените кај нивното тело, па затоа таквите коментари, дури и кога ќе ги кажете на шега или како комплимент, можат да им го расипат расположението и да предизвикаат конфликт. Ако сакате да пофалите нечиј изглед, едноставно кажете „Изгледаш супер!“.

9 секојдневни реченици кои не смеете да им ги кажувате на луѓето

6. „Изгледаш супер за твои години“

Ова звучи како комплимент, но личноста за која е наменет може да го сфати како потсетник за тоа колку години има. А може и да звучи како да сакате да кажете „Во споредба со други постари луѓе, изгледаш добро“. И во овој случај најдобро е да кажете „Изгледаш супер“.

7. „Во свој елемент си, типично за тебе!“

Обидете се да не ги етикетирате луѓето. Наместо да користите реченици кои истакнуваат нечија посебност и кои би можеле да предизвикаат конфликт, пробајте да кажете нешто како „Ми пречи тоа што пак си ги оставил/а валканите садови во мијалникот. Што можеме да направиме за да ги избегнеме ваквите ситуации во иднина?“. Со тоа што сте откриле што ви пречи, вие ги нагласувате вашите чувства, а не фактот што однесувањето на вашиот партнер, дете или пријател е лошо. На овој начин вашите блиски може да добијат поттик да ги променат работите што ви пречат кај нив.

8. „Ако навистина ме сакаш, ти ќе…“

Со оваа реченица не само што емоционално манипулирате со некого, туку и давате до знаење дека не ви се допаѓа како таа личност се однесува со вас. Овие зборови тешко дека ќе доведат до ваше зближување. Подобро е да кажете „Подобро би се чувствувал/а кога би…“. Најдобриот начин на кој можете да ја одржите конструктивноста во вашата врска и однос е да објасните што е тоа поради кое сте вознемирени и да понудите соодветно решение.

9. „Предобра си за него“ и „Драго ми е што ја откачи“

Дури и кога најискрено сакате да утешите некого по прекинувањето на врската, таа личност може да ја сфати оваа реченица како навреда за нивниот вкус при изборот на партнер, но и како знак дека нивната врска уште од самиот почеток не функционирала. Наместо тоа, кажете „Тие губат“. Ова звучи многу попозитивно и покажува дека сочувствувате со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар