9 различни типови девојки

9 различни типови девојки

Автор: Вера Мартиноска

Блондинки, бринети, црвенокоси – ова не е единствената типизација на девојките. Има девојки со силно грло, но и онакви со затнат нос, едни се вечно незадоволни, други пак, ненаситни. Некои сакаат да наредуваат, а некои уметнички да се изразуваат. Дали ви се познати следниве типови?

9 различни типови девојки

1. Госпоѓица фина

Типична изјава: „Карти за натпревар? О, драги, не си требал.“
Позната е и како:
„каква девојка!“, драгоцена, другарка на целото машко друштво, „мојата омилена женска“, чергиче
Предности: весела, пријатна, љубезна
Слаби страни: Еден ден можеби ќе се освести.

2. Госпоѓица гласна

Типична изјава: „Ти безрбетен, безвреден, неталентиран, кучкин сине кој за ништо не го бива! Не гледаш дека правиш да ми биде мизерно?“
Позната е и како:
ѓавол, инаетчика, дрдорка, „жена ми“ (и кога сè уште не е), пеколна жена
Предности:
Ти обрнува внимание.
Слаби страни:
вреска, фрла тави

9 различни типови девојки

3. Болежлива

Типична изјава: „Оф, главата. Главата. Уф, стапалава. Грчевите. Целулитот.“
Позната е и како:
лелекач, депресивна, жалосна
Предности:
предвидлива
Слаби страни:
заразна

9 различни типови девојки

4. Шефица

Типична изјава: „Исправи се. Стави друга вратоврска. Оди ишишај се. Смени ја работата. Заработи пари. Не ме гледај така.“
Позната е и како: камшикувач, наредник, г-ѓица сезнајка, боздоган
Предности: Најчесто е во право.
Слаби страни: Често е во право, па што?

9 различни типови девојки

5. Госпоѓица нејасно незадоволна

Типична изјава: „Не можам да одлучам. Треба ли да ја сменам мојата кариера, целите, домот и бојата на косата?“
Позната е и како: насекирана, загрижена, типична, „ајде бе душооо“
Предности: Лесно е да се утеши.
Слаби страни: Уште полесно е да се растревожи.

6. Дива жена без контрола

Типична изјава: „Имам идеја. Ај да се начукаме и да се сексаме на тревник. Сум го направила тоа и порано. Топ е.“
Позната е и како:
брза девојка, радодајка, слободоумна, онесвестена
Предности:
Позабавна е од „Не лути се човече“.
Слаби страни:
Не можеш да сметаш на неа, вози и излетува од патот.

9 различни типови девојки

7. Вообразена

Типична изјава: „Не гледам ништо смешно во тој цртан филм на кој постојано се смешкаш.“
Позната и како: незабавна, ситничарка без смисла за хумор, ладна риба, санта мраз, збунета
Предности: Пријателите ќе ве сожалуваат.
Слаби страни: Нема да имате пријатели.

8. Марсовка

Типична изјава: „Верувам дека овој интерпретативен танц ќе ти објасни што чувствувам за нашата врска.“
Позната е и како: дрдорлива, морничава, налудничава, уметнички дух, лоша вест, ексцентрична
Предности: забавна, неодгатлива
Слаби страни: Ќе ја чита својата поезија на глас.

9 различни типови девојки

9. Девојка од соништата

Типична изјава: „Крајно сум задоволна со тебе баш таков како што си, мој згоден гениј од дечко. Мислам дека сега мора да водиме љубов како луди ласици.“
Позната е и како:
госпоѓица вистинска, божица, перфекција, бомба, прекрасна
Предности
: смешна, интелигентна, отворена
Слаби страни
: Нема да има што да прави со тебе.

9 различни типови девојки

Во кој од наведените типови се пронајдовте или пак, каква е вашата девојка?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

 

 

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Waldorf Reply

    Последниот опис е прекрасен. 😀

  2. таа Reply

    јас сум од Марс 🙂

  3. Мартин Глувиќ Reply

    6+9=69

Остави коментар