9 работи во вашиот дом кои откриваат каква личност сте навистина
Секоја ситница во домот може многу да открие за вашата личност – дури и вашиот кујнски шкаф! Погледнете ги овие неколку работи и подетално видете како е уреден вашиот дом. Можеби ќе откриете нешто што до сега не сте го знаеле за својот карактер!
1. Влезна врата
Влезната врата всушност открива дали сте интровертни или друштвени личности. Така, црвената влезна врата значи дека немате проблем јасно и гласно да го кажете својот став. Сината врата вели дека сте смирени дури тогаш и кога другите не се, додека пак зелената укажува на традиционалност, па најверојатно сте задржана, конзервативна и доследна личност.
2. Фиока за чорапи
Таа открива до кој степен сте тип А (што во психологијата означува личност која е амбициозна, многу организирана, нестрплива, материјалистички настроена, работлива и анксиозна). Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се фокусираат на деталите и кои генерално се уредни, имаат најхаотични фиоки за чорапи. Тоа е така затоа што добро ги поставуваат своите приоритети, па повеќе би сакале да им се посветат на важните работи, отколку на распоредот на чорапите.
3. Просторот под кревет
Тој покажува колку сте анксиозни. Повеќето луѓе, дури и оние кои се премногу уредни, имаат скриен хаос под креветот и во плакарите. Ако сте во оние малкумина кои тоа го немаат, тогаш најверојатно вие сте опсесивни и анксиозни. Социолозите тврдат дека колку повеќе една личност е анксиозна, толку повеќе ќе настојува да ја контролира својата околина.
4. Декоративни перници
Големите и храбри дизајни укажуваат на самоуверена личност која не стравува од осудувањето на околината. Точките ги бираат оние кои сакаат да се забавуваат, животинскиот дизајн е за креативните, а геометрискиот означува личност на која ѝ е потребен некој ред, а веројатно е тип А.
5. Туширање
Тушот открива дали сте осамени. Ако туширањето трае предолго, тогаш би требало почесто да се дружите со луѓето. Имено, едно спроведено истражување покажало дека луѓето кои предолго остануваат под тушот најчесто се осамени и изолирани и најверојатно со топлата бања настојуваат да ја надоместат емоционалната топлина.
6. Кујнски шкафови
Овој дел од куќата открива дали ги одложувате своите обврски, а ако имате инстант кафе најверојатно и најлесно ви е да си го подготвите токму тоа. Ова го покажале резултатите од една клиничка студија спроведена на над 1.000 љубители на кафе. Со тоа било докажано дека љубителите на црно кафе се директни, оние кои пијат кафе со млеко сакаат да им угодуваат на другите, а оние кои сакаат шеќер, карамела и слични додатоци, се спонтани и млади во срцето.
7. Кревет
Креветот открива колку често вежбате и што мислите за својата работа. Ако мислите дека местењето на креветот е губење време, тогаш најверојатно ја мразите својата работа, а во теретана не сте отишле со години. Психолозите ова го објаснуваат со фактот дека среќните луѓе тежнеат за уреден живот.
8. Столови
Столовите го откриваат вашиот стил на преговарање. На пример, истражувањата покажале дека луѓето преговараат многу поенергично кога седат на тврд стол. Со други зборови, ако со шефот разговарате за покачување на платата, доколку седи на тврд стол, многу е мала шансата дека ќе попушти на вашите барања. Психолозите велат дека тврдата подлога влијае на несвесното, па и самите ќе заземете цврст став. Затоа, кога сакате опуштени разговори, внимавајте каде седите.
9. Плакар
Плакарот открива дали умеете да се ослободите од минатото. Ако тој е полн со облека или униформи кои сте ги носеле на работа која веќе не ја работите, облека која ви е мала или широка или пак со работи кои само ги чувате од сентиментални причини, тогаш вие не умеете да продолжите понатаму. Затоа, фотографирајте ги оние работи кои ви се драги и подарете ги некому.