9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна и над 100 милиони животни умираат затоа што јадат пластика. Никој не може да ги промени своите навики одеднаш, но секој може да направи еден мал чекор и да придонесе за спасување на планетата. Прочитајте кои се деветте работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите Земјата.

1. Производство на храна што никогаш не се консумира

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Според Организацијата за храна и земјоделство на САД, годишно се фрла една третина од храната што се произведува за човечката потрошувачка, приближно 1,3 милијарди тони. За да се произведе толку голема количина храна, се користат милиони растенија и се сечат дрвјата низ целиот свет. Според податоците, овошјето и зеленчукот се храна што најмногу се фрла, а потоа следува морската храна.

2. Крстарење

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Бродовите за крстарење се пловечки градови и го загадуваат воздухот исто како и градовите, а можеби и повеќе. Податоците покажуваат дека квалитетот на воздухот на палубата на бродот е сличен на оној во најзагадените градови во светот. Се проценува дека годишно умираат над 50.000 Европејци како резултат на загадувањето што го предизвикуваат бродовите.

Покрај тоа, бродовите за крстарење фрлаат ѓубре и ги испуштаат горивото и канализацијата директно во океаните.

3. Купување премногу облека

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Модната индустрија е еден од најголемите загадувачи на воздухот и втор по големина загадувач на водата. Индустријата е исто така одговорна за намалување на нивото на водата. Памукот, кој е најпопуларниот материјал што се користи за производство на облека, е многу жедна култура. За памукот потребен за производство на една кошула се трошат околу 2.700 литри вода. Оваа количина вода е еднаква на онаа што едно лице ја пие за 2 и пол години.

Следниот пат кога ќе размислувате да купите нова облека, потсетете се дека 1 човек од 9 луѓе ширум светот нема пристап до чиста вода и дека околу 4,6 милиони луѓе умираат секоја година заради загадување на воздухот.

4. Пуштање вода во тоалетот

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Можеби звучи одвратно, но не мора да пуштате вода секој пат кога ќе одите во тоалетот. На пример, можете да го правите тоа на секоја втора употреба. Едно истражување од 1999 година открива дека пуштањето вода во тоалетот опфаќа околу 27 % од дневната потрошувачка на вода што ја прави една личност. Споредете го тоа со другите активности, како што се перењето алишта, што претставува 22 % од дневната потрошувачка на вода или туширањето кое опфаќа 17 % од дневната потрошувачка.

5. Користење стапчиња за еднократна употреба

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Азиската кујна е вкусна и многу популарна. Но, стапчињата што се користат за јадење имаат огромно негативно влијание врз животната средина. Само во Кина, годишно се произведуваат околу 80 милијарди пара дрвени стапчиња за еднократна употреба. За да се задоволи оваа огромна побарувачка, секоја година се сечат околу 4 милиони дрвја.

Ова големо уништување на шумите доведува до лизгање на земјиштето и неможност да се задржи водата, а тоа доведува до поплави. Исто така, уништувањето на шумите придонесува и за глобалното затоплување.

6. Пиење кафе

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Кафето е популарен пијалак, а неговите придобивки се добро познати. Едно истражување открило дека пиењето кафе може да го зголеми животниот век на една личност за 2 години. Но, лошата вест е дека индустријата за кафе не е еколошка. Фармите со кафе сега се поштетни за животната средина од кога и да било порано. Исто така, хартиените чаши за еднократна употреба во коишто се служи кафето придонесуваат за уништувањето на шумите.

7. Користење влажни марамчиња

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Влажните марамчиња можеби се корисни, но тие не се пријатели на животната средина. Најголемиот дел од нив содржат пластика, а потоа стигнуваат и до океаните. Морските суштества ги консумираат влажните марамчиња мислејќи дека се медузи. Многу луѓе ги фрлаат во тоалетот и предизвикуваат блокада на канализацијата бидејќи тие не се распаѓаат лесно. Од материјалите што ја затнуваат канализацијата, влажните марамчиња опфаќаат околу 93%.

Исто така, влажните марамчиња содржат опасни материи што можат да предизвикаат осип на кожата.

8. Користење батерии за краткотрајна употреба

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Батериите за краткотрајна употреба што ги користите во часовниците и во калкулаторите, дури и оние што се полнат (кои по одреден број на полнења треба да се фрлат) и батериите што ги користите во лаптопите, во телефоните и во другите уреди се исклучително штетни за околината. Тие содржат еден или повеќе од следниве исклучително токсични метали: кадмиум, олово, цинк, манган, никел, сребро, жива, литиум, како и киселини.

Откако ќе ги фрлите, овие батерии се одговорни за загадувањето на воздухот затоа што кога ќе почнат да се распаѓаат ослободуваат штетни гасови што предизвикуваат глобално затоплување. Овие штетни хемикалии се апсорбираат и во почвата и предизвикуваат загадување што може сериозно да влијае врз вегетацијата и врз животниот век на почвата. Кога врне дожд, овие хемикалии стигнуваат и до водата и неа ја загадуваат.

9. Користење бричеви за еднократна употреба

9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

Бричењето се смета за составен дел од личната хигиена на многу луѓе. Токму затоа, големата побарувачка на производи со жилети не е изненадување. Всушност, неодамнешниот извештај покажува дека во 2018 година, 163 милиони потрошувачи во САД користеле бричеви за еднократна употреба. Овие бричеви се состојат од пластика и од гума што не се биоразградливи, а најчесто завршуваат на депонии и никогаш не се рециклираат.

Прочитајте на кое место на Земјата не може да се развие живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар