9 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои имаат често и секојдневно име

9 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои имаат често и секојдневно име

Веќе зборувавме за придобивките од уникатното име, но што е со сите оние луѓе кои имаат често и секојдневно име? Доколку и вие сте едни од нив, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во следниве 9 проблеми…

9 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои имаат често и секојдневно име

1. Не можете да бидете идентификувани само по вашето име. Токму затоа големи се шансите дека луѓето повеќе ве разликуваат по презимето отколку по името. Исто така не можете да го користите на социјалните мрежи како корисничко име, па понекогаш поминувате со часови во измислување некоја нова интересна комбинација која ќе ве отсликува исто како името во вашите мисли, но дури и тогаш, најчесто сè што ќе предложите е веќе зафатено.

2. Некој друг со истото име веќе ја има вашата идеална имејл адреса. Големи се шансите дека некој со истото име и презиме како вас веќе ја користи вашата совршена комбинација за имејл адреса, па токму затоа мора да ставате бројки или дополнителни букви со цел да се издвоите.

3. Секогаш кога ќе го чуете вашето име се вртите, но не забележувате никој познат. И во тие моменти едноставно сакате да кажете, „Ти благодарам непознат странецу што ми потроши 1 секунда од мојот живот!“

4. Вашиот нов партнер, односно партнерка сигурно има бивш или бивша со истото име како вашето. Зарем работите можат да станат повеќе непријатни? Секој пат кога тој/таа ќе го изговара вашето името ќе се потсетува на бившиот/бившата. Уште полошо, кога тоа ќе се случи за време на сексот, вие дури и ќе го/ја замислите него/неа на вашето место.

5. Луѓето додаваат број на вашето име. Елена 1, Елена 2, Елена 3? Зарем живееме во некој научно фантастичен свет каде што луѓето се групираат според името? И зошто вие не можете да бидете број 1?

6. Големи се шансите дека постои криминалец со истото име и презиме како вашето. И секогаш кога ќе се претставите луѓето заземаат одбранбен став кон вас, бидејќи не знаат дали вие сте биле онаа личност која до неодамна била во затвор…

7. Добивате пораки кои подоцна сфаќате дека не биле наменети за вас. За џабе целата паника која ја доживеавте додека читавте порака од шефот со огромни критики за вашата работа.

8. Толку многу сакате да се издвоите што едноставно си измислувате уникатен прекар со кој подоцна постојано се претставувате. Дури размислувате и да си го додадете на вашето име со цел да внесете малку разновидност.

9. Ако сте се запознале со згоден дечко или прекрасна девојка во барот, големи се шансите дека тие долго време ќе бараат додека не ве најдат на Фејсбук. Вие го знаете ова бидејќи неколку пати сте го пребарувале вашето име на социјалните мрежи со цел да видите дали воопшто ќе се појави. Токму затоа и постојано се надевате дека му/ѝ се допаѓате доволно за да стигне до 9-тата страна каде што сте вие…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар