9 придобивки од физичката интимност
Физичката интимност со партерот е одлично чувство, но оргазмите не се единствената придобивка добиена од љубовта под чаршавите. Почестиот физички контакт со партнерот може да доведе до подобар живот. Според една студија направена во 2015 година, задоволството во врската се подобрува со честа физичка интимност – најмалку еднаш неделно. Во продолжение прочитајте ги сите придобивки од физичката интимност.
1. Го намалува крвниот притисок
Студиите покажале дека постои голема поврзаност помеѓу физичката интимност и намалувањето на крвниот притисок.
„Направени се многу студии, а една особено докажала дека сексуалниот однос го намалува крвниот притисок“, вели д-р Џосеф Пинзон.
2. Ве прави посреќни
Една кинеска студија направена во 2015 година, открила дека почестата физичка интимност ќе ви го подобри расположението, што доведува до посреќен живот. Не знаеме за вас, но ова е доволна причина за нас!
3. Технички тоа е тренинг
30-минутниот сексуален однос има слични придобивки со брзото одење. Да не зборуваме пак дека се согоруваат до 150 калории. Со други зборови, доколку го прескокнете вашиот тренинг во теретаната, партнер може да ви помогне да надополните.
4. Го ослободува стресот
Физичката интимност ги намалува кортизолот и адреналинот, хормоните што се ослободуваат при стрес. Овие хормони предизвикуваат дебелеење, проблеми со срцето, висок крвен притисок, замор… А физичката интимност може да ви обезбеди придобивки што ќе потраат во наредните неколку денови.
5. Го зајакнува имунитетот
Исто така, физичката интимност може да го подобри вашиот имунитет, овозможувајќи вашето тело подобро да се бори со болести и инфекции. Значи покрај задоволството од физичката интимност, вие ќе бидете и поотпорни на вируси и настинки во текот на денот.
6. Го намалува ризикот од срцев удар
Не само што физичката интимност нуди придобивки за вашето емоционално срце, туку е добро и за вашето физичко срце. Причината за ова е тоа што одржува баланс помеѓу естрогенот и тестостеронот.
„Кога некој од нив е на повисоко ниво, се појавуваат многу проблеми, како остереопороза, па дури и срцеви болести“, вели д-р Џосеф.
7. Ги ублажува болките
„Оргазмите имаат моќ да ја ослободат нашата болка“, вели Бери Р. Комисарук.
Доколку сексот не е опција, не грижете се, мастурбацијата покажала слични ефекти. Па, доколку чувствувате грчеви, имате артритис или пак некоја хронична болка, можете да ја намалите на многу позабавен начин отколку да пиете апчиња за ослободување од болка.
8. Го намалува ризикот од рак на простата
Во две студии спроведени од страна на научници од Универзитетот Харвард, било откриено дека мажите кои „достигнувале среќен крај“ 7 пати неделно, имале 36% помали шанси од заболување на рак на простата. Сепак, кај мажите кои имале над 30 сексуални партнерки, придобивките биле заменети со ризик.
9. Овозможува подобар сон
Неврологот и специјалистот за спиење, д-р Амер Кан, вели дека кога имаме физички контакт, ослободуваме окситоцин. Окситоцинот го подобрува расположението, го намалува стресот и го прави сонот поквалитетен. Подобриот сон го подобрува сексуалниот однос и обратно. Па, фатете се за работа!
Прочитајте ги и 10-те здравствени придобивки од спиењето покрај личност што ја сакате.