9 причини зошто е добро да имате куче

9 причини зошто е добро да имате куче

Зарем постои човек на оваа планета кој не би сакал да чува куче? Изгледа тие имаат многу поголема улога во нашиот живот отколку што сме мислеле. Научниците ширум светот ни ги откриваат 9-те причини зошто е добро да бидете сопственик на куче.

9 причини зошто е добро да имате куче

1. Сопствениците на кучиња почесто се смеат

Авторите на една студија испитувале неколку сопственици на кучиња и неколку луѓе кои немаат миленичиња со цел да откријат колку пати во денот тие се смеат. Резултатите покажале дека сопствениците на кучиња го прават тоа почесто, па токму затоа и биле посреќни.

2. Сопствениците на кучиња имаат верни пријатели

Кучињата еволуирале од волци, а овие животни се познати по тоа што живеат во глутници и развиваат силна поврзаност со останатите членови. Тоа е она што ги прави денешните домашни кучиња верни. Стефан Завистовски, од американското друштво за спречување на суровост врз животните, вели дека кучињата кон својот сопственик гледаат како кон член на нивната глутница и со него се врзуваат на истиот начин како што тоа би го направиле со своите „браќа и сестри“ од глутницата.

3. Сопствениците на кучиња се социјални луѓе

До овој заклучок дошле научниците од Ливерпул и Бристол и тој е доста логичен, со оглед на тоа што сопствениците на кучиња почесто одат на прошетки, сретнуваат други луѓе и разговараат со нив, независно дали и тие се сопственици на кучиња или не.

4. Кучињата го чуваат здравјето

Една студија која била објавена изминатата година покажала дека децата родени во домови кои имаат куче како домашно милениче имаат помал ризик да развијат астма или алергија. Благодарение на кучињата, на кои им е дозволено излегување и влегување во домот, децата развиваат изменета заедница од микроби кои штитат од алергени.

5. Луѓето кои имаат кучиња се поактивни

Научниците од Мичиген утврдиле дека 60% од сопствениците на кучиња почесто ги изведуваат своите миленици на прошетка и со тоа ги исполнуваат критериумите за умерено телесно вежбање. Имајќи го тоа на ум, постарите луѓе кои ги шетаат своите кучиња се во подобра физичка форма од своите врсници кои се шетаат сами, покажува студијата спроведена од магазинот „Дневник за психолошка нега и ментално здравје“.

6. Кучињата го спасуваат животот

Некои кучиња имаат универзална донаторска крвна група, исто како и некои луѓе. Кучињата можат да им помогнат и на луѓето кои патат од епилепсија, бидејќи имаат способност да го предупредат пациентот пред да настапи епилептичниот напад. Тренираните кучиња можат да го предвидат нападот дури 15 минути пред неговото случување. Тогаш почнуваат да лаат и со тоа го предупредуваат пациентот да седне и да не се повреди при паѓањето.

7. Кучињата му даваат на животот подлабока смисла

Тие се одлично друштво за секого, а посебно за постарите. Во една студија која била објавена во списанието „Дневник за социјална психологија“, се дошло до заклучок дека постарите луѓе кои имаат куче се позадоволни од својата социјална, физичка и емотивна состојба од оние кои немаат.

8. Кучињата ја зголемуваат самодовербата

Една студија ни покажува дека луѓето кои набавиле куче, 10 месеци подоцна имале значително поголема самодоверба и самопочит, подобра телесна активност и помалку се плашеле од криминалот.

9. Кучињата навистина усреќуваат

Дури и едноставниот контакт со очите на вашиот миленик создава окситоцин во вашето тело, хормон кој се поврзува со доброто расположение. Во една неодамнешна студија се мерела активноста на нивото на окситоцинот помеѓу две групи сопственици на кучиња. На едната група им било кажано да не гледаат директно во очите на своите миленици, а на другата група им било кажано спротивното. Во првата група било измерено помало ниво окситоцин во споредба со втората група на која ѝ било дозволен контакт со очите. Во друга студија, пак, е утврдено дека сопствениците на кучиња се во просек помалку депресивни, помалку се чувствуваат осамено, имаат поголема самодоверба, посреќни се и чувствуваат помалку стрес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар