9 правила по кои се води вистинската жена

9 правила по кои се води вистинската жена

Општеството честопати создава голем притисок врз жените, бидејќи од нив се очекува да бидат мајки, сопруги, ќерки, пријателки, шефови… Овие барања можат да ја скршат жената и затоа таа треба да заборави на нив. Од таа причина, постојат 9 златни правила кои секоја вистинска жена ги почитува и кои би можеле да ви го сменат животот, но и вашата перцепција за самите себе.

9 правила по кои се води вистинската жена

1. Вистинската жена не ја брка среќата

Потрагата по среќата е најпопуларната и најглупавата занимација што може да постои. Сите ние постојано се стремиме кон подобра иднина, подобро утре, наредна година… Вистинската жена го игнорира сето ова. Таа живее во сегашноста.

2. Сегашниот момент е најинтересен и најважен за неа

Секако дека таа има планови за иднината, но никогаш нема да го чека утрешниот ден. Таа живее денес. Таа знае дека речениците како „Кога ќе ослабам…“ и „Кога ќе го запознам вистинскиот…“ не се доволна причина за залудно да си го троши животот.

3. Привилегија е да се биде вистинска жена и таа тоа добро го разбира

Таа го почитува и цени фактот што е родена како жена. Да се биде жена не значи само да се однесуваш како жена. Таа го знае и го чувствува тоа. Да се биде вистинска жена за неа не претставува кошмар, туку подарок. Таа ја негува нејзината женственост на секое ниво: Внатрешно (емоции, чувства, мисли) и надворешно (тело, облека, однесување).

9 правила по кои се води вистинската жена

4. Таа има свое темпо на живеење

Кога животното темпо е премногу бавно, не можеме да уживаме во него. Кога е премногу брзо, немаме време за да уживаме. Секој од нас си има свое темпо на живеење. Вистинската жена го чувствува тоа и живее во хармонија со него. Таа ги организира настаните во нејзиниот живот онака како што нејзе ѝ одговара, и таа го одредува темпото на околностите. Вистинската жена живее со цел да ги оствари нејзините желби и да не го изгуби апетитот за животот. Таа многу добро го разбира значењето и причината за нејзиното однесување во секоја можна ситуација.

5. Секогаш се става себеси на прво место

Тоа не значи дека таа е себична, нечувствителна, рамнодушна или цинична. Таа знае дека зад прекумерната желба на луѓето да се мешаат во туѓите проблеми, лежи стравот да се живее сопствениот живот. За разлика од нив, таа се интересира само за нејзиниот живот. Никогаш не заборава дека личниот простор е бесценет. И покрај тоа, таа е способна да даде поддршка, помош и да сочувствува со другите. Таа никогаш не вели „да“ ако нејзиното срце вели „не“ и секогаш се слуша себеси и верува во сопствените чувства.

6. Таа нема потреба да ги исполнува очекувањата на другите

Секое девојче уште во детството добива листа на работи кои се очекуваат од неа од родителите, наставниците, соседите, роднините, пријателите и колегите. Жените го посветуваат целиот свој живот на тоа да ги исполнат сите работи од овие листи. Вистинската жена нема потреба од тоа. Вистинската жена има свои животни цели: Таа самата ги создава и ги достигнува. Доколку нејзините цели не се согласуваат со општествените стандарди, тоа не е нејзин проблем. Таа им дозволува на другите да ја проценуваат онака како што сакаат, бидејќи знае дека е невозможно на сите да им се допаѓа. Вистинската жена работи на себе, но никогаш не го прави тоа за да добие нечие одобрување. Таа го прави тоа затоа што се сака себеси.

9 правила по кои се води вистинската жена

7. Нема потреба од тоа да биде „добра девојка“

„Добрата девојка“ е ќерка која има само една задача: Да биде доволно добра и послушна за да добие одобрување, дури и ако нејзините желби се целосно спротивни. „Добрата девојка“ живее или според принципот „Јас треба“ или според принципот „Јас не треба“. Таа ретко се прашува себеси што навистина сака таа. Вистинската жена ја има оставено нејзината внатрешна „добра девојка“ во минатото, како и постојаната потрага по одобрување и пофалби. Таа не ги игнорира туѓите мислења за неа, туку едноставно не чувствува потреба да им докажува нешто на другите, особено не ако тоа не е во согласност со нејзините интереси. Таа не им обрнува многу внимание на нејзините недостатоци. Вистинската жена е свесна за нив, но не драматизира поради тоа. Не се обидува да ги скрие, но истовремено не ги ни покажува на целиот свет.

8. Осаменоста за неа претставува подарок

Вистинската жена го сака и го цени времето кога е сама. Таа не се обидува да внесе непотребни луѓе во нејзиниот живот само за да не се чувствува осамено. Добро е да се поминува време со самата себе. Таа тоа го гледа како можност да го исполни животот со мир и значење.

9. Таа е задоволна од своите години. Секогаш.

Вистинската жена ги искористува нејзините години. Таа никогаш не смета дека е предоцна или прерано да се направи нешто, било да се работи за нејзините 20-ти или 60-ти години. Таа смета дека спротивното размислување служи само како изговор за оние кои ги користат годините за да ги скријат сопствените стравови или внатрешни ограничувања. Вистинската жена може да направи сѐ на која било возраст. Затоа таа никогаш не се кае за работите што немала време да ги направи. Таа сѐ уште може да ги направи! Тоа не значи дека таа не се грижи за себеси и не се обидува да изгледа добро. Едноставно не се преправа дека е 20 години помлада ниту со нејзиниот изглед, ниту со нејзиното однесување. Таа знае дека секоја возраст има своја убавина, сексуалност и шарм.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар