9 правила на таксистите кои повеќето луѓе не ги знаат
Понекогаш таксито е поевтино и полесно отколку да купувате ваш автомобил. Но дали ги знаевте правилата кои таксистите мораат да ги следат? И дали ги знаевте вашите правила како патници? Погледнете некои од нив.
1. Семафорот ви е добар, но метежот најдобар пријател
Многу такси компании си го користат мотото „Ја вреднуваме безбедноста на патникот повеќе од брзината.“ Сепак, многу таксисти погрешно го сфатиле ова правило и го користат за да ви наплатат поскапо. Секогаш кога можете, давајте му го точниот пат на таксистот по кај сакате да вози.
2. На таксистот не му е дозволено да почне разговор со вас
Едно непишано правило вели дека возачот не треба да започне разговор со вас, само вие ако почнете да разговарате тој може да ви одговори. Но ако патникот се чувствува неудобно слушајќи ги приказните на таксистот има право да не одговори. Сепак, многу луѓе уживаат во разговорите со таксистите, особено од нивниот град, или пак кога има треба совет за кои места да ги посетат. И разговорите за времето, политика, и религија не се најдобрите теми.
3. Таксистите можат да бидат отпуштени поради поплака
Кај нас сè уште не се распространети апликациите за повикување такси, но во земјите кои го користат овој систем, вие го оценувате возачот. Многу често лошата оценка може да значи губење на работното место. Па, доколку сте во таква ситуација, внимавајте со оценката бидејќи нечие работно место може да зависи од вас.
4. И вас ве оценуваат
Кај компаниите кои користат апликации за такси, и патниците се оценуваат. Ако сте тежок клиент, некои таксисти може да одбијат да ве возат.
5. Таксистот не ја знае вашата дестинација
Кога повикувате такси, возачот не знае до каде треба да ве носи додека не му кажете. Кога станува збор за подолго возење или за необична рута, подобро кажете однапред.
6. Вашиот телефонски број е зачуван во доверба
Такси службите никогаш нема да го злоупотребат вашиот телефонски број.
7. Минималните растојанија се сосема нормални
Дали некогаш сте викнале такси за мало растојание? Навистина изгледа дека таксистот нема заработувачка од такви кратки возења. Но, модерните компании имаат минимална цена која морате да ја платите и која се додава на цената на изминатиот пат.
8. Не е до возачот, до системот е
Кога станува збор за апликациите за такси, овој систем манипулира со неговите работници. На пример, кога излегуваат од апликацијата, таа им кажува дека им фали уште малку за да стигнат одредена сума. Овие пораки ги тераат луѓето да работат што е можно повеќе за да достигнат одредена цел.
9. Некои таксисти го стартуваат таксиметарот порано
Некои возачи го стартуваат таксиметарот во моментот кога пристигнуваат да го земат патникот, а ова е против правилата. Во овој случај, вие плаќате и за времето додека таксистот ве чекал да излезете, чекање кое не треба да биде наплатено доколку е пократко од 10 минути.