9 пати кога вистинската историја била побрутална од ТВ серијата „Игра на тронови“

9 пати кога вистинската историја била побрутална од ТВ серијата „Игра на тронови“

Најпопуларната серија во светот „Игра на тронови“ е позната по бруталните сцени исполнети со многу крв, инцест, насилство, предавство и убиства. Тешко е да се поверува дека такво нешто би можело да се случува и во реалноста, но одредени историски настани се доказ за тоа дека во човечката природа навистина постои таа мрачна страна која доведува до страшни последици. Погледнете кога историјата била позастрашувачка и од самата серија „Игра на тронови“…

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

1. Црвената свадба

Во „Игра на тронови“: Кој може да ја заборави Црвената свадба? Моментот кога 25% од вашите омилени ликови се веселеа и се смееја на гозбата, и одеднаш братот на невестата ја избоде бремената жена повеќе пати во стомакот и некој го погоди Роб Старк со стрела, и тој другиот тип го пресече грлото на Кетлин и крв прскаше на сите страни. Забавно!

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Црната вечера, Шкотска, 1440

Во вистинската верзија замислете си ја Црвената свадба, само на детска чајанка. Возрасните старатели на десетгодишниот крал Џејмс Втори го поканиле шеснаесетгодишниот Вилијам Даглас, предводник на моќен шкотски клан и неговиот помал брат на викенд што требало да биде исполнет со забава и гостење во замокот. Арно ама, по гозбата луѓето на кралот ставиле глава од црн бик на трпезата што знак за неизбежен масакр во Средниот век. Малиот крал Џејмс молел за милост, но Вилијам и Дејвид биле обезглавени.

2. Кланот на Ланистер против кланот на Старк

Во „Игра на тронови“: Војна, предавство, брак меѓу деца, обезглавувања… Битката помеѓу кланот на Ланистер и кланот на Старк е причината за дел од најизопачените моменти во серијата.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Династијата на Ланкастер против династијата на Јорк, Англија, 1455 – 1487

Овие две спротивставени фамилии поминале децении во борба за англискиот трон преку она што е познато како Војна на розите. Една од најкрвавите битки се случила во Вејкфилд, Јоркшхир, која кулминирала со смртта на речиси сите од страната на Јорк, вклучувајќи го и нивниот лидер Ричард. Судбината на Нед Старк како да е инспирирана од моментот кога главата на Ричард била пресечена и закачена на портите на Јорк за сите да уживаат во глетката – особено гладните птици.

3. Џофри

Во „Игра на тронови“: Кралот Џофри, плод на инцест, е несомнено еден од најмрачните луѓе во изопачената земја на Вестерос. „Најблескавите“ моменти од неговото владеење вклучуваат убиство на проститутка од блиску со стрела и наредба да го обезглават таткото на неговата свршеница пред нејзини очи.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Едвард Ланкастер, наследник на англискиот трон, 1453 – 1471

Принцот Едвард (за кого постоеле гласини дека е незаконско дете) исто така бил тиранин жеден за крв како Џофри. Кога имал 13 години неговите хобија и интереси вклучувале сечење глави, војни и напаѓање на неговите пријатели со меч без никаква причина, само за забава.

4. Ѕидот

Во „Игра на тронови“: 300 милји долг, 700 метри висок, замрзнат од силните ветришта на ледениот север и преполнет со сексуално фрустрирани поранешни затвореници, Ѕидот е едно од најстрашните места во серијата.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Адријанскиот ѕид

Во 122 година п.н.е. Римјаните изградиле ѕид долг 80 милји кој се протегал низ Англија со цел да се заштитат од „варварите“ кои живееле во денешна Шкотска. Имало безброј крвави напади на ѕидот од страна на шкотските племиња, но еден од највпечатливите е оној на Големиот заговор, зимата во 367 година кога лутите римски војници им дозволиле на северните племиња да го преминат ѕидот за да стигнат во Англија. Толпа од лути племиња како бура ја зафатила целата земја, со горење села, силување, убивање и масакрирање на сè живо што ќе им се најде на патот.

5. Војната на 5-те крала

Во „Игра на тронови“: По смртта на кралот Роберт Баратеон, во Вестерос се случува конфликт помеѓу 5 мажи кои се борат за тронот: Џофри Баратеон, Станис Баратеон, Ренли Баратеон, Роб Старк и Балон Грејџој. Следува масовен колеж.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Војната на стоте крала, Европа, 1337 – 1453

Станува збор за тотално непотребен крвав конфликт помеѓу Англија и Франција, во кој секој сметал дека заслужува да биде крал на Франција. Како последица на тоа имало бескрајни борби на земја и на море, крв насекаде, стотици и илјадници луѓе убиени, а еден од „најблескавите“ моменти бил оној кога седумнаесетгодишната Јованка Орлеанка била жива запалена на клада. Добри времиња.

6. Дотраките

Во „Игра на тронови“: Гласните Дотраки или „коњските владетели“ предводени од Кал Дрого се племе на варварски воини кои грмеле низ Есос со тоа што силувале групно, убивале и колеле.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Монголците, 13-ти и 14-ти век

Монголците биле номадско племе кое лудувало низ Азија и Европа ширејќи терор каде и да оделе. Легендата вели дека откако ја нападнале Кина, улиците на главниот град биле „омрсени“ од месото на нивните жртви. Откако го масакрирале градот Риазан во Русија, Монголците безмилосно ги убиле сите освен неколку преживеани на кои им дозволиле да избегаат за да ја пренесат страшната порака дека „Монголците доаѓаат“.

7. Лудиот крал Ерис Таргариен

Во „Игра на тронови“: Лудиот крал Ерис на почетокот беше доста добар владетел, но го изгуби разумот и стана како и секој друг бесен психопат во серијата. Според Џеиме Ланистер „Тој сакаше да ги гледа луѓето како горат, начин на кој нивната кожа потемнуваше и гниеше и се топеше од нивните коски.“ Кој не би сакал, нели?

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: „Лудиот крал“ Чарлс Шести на Франција, доцен 14-ти век

Пред Чарлс Шести да полуди тој бил популарен, шармантен и успешен. Потоа се разболел од мистериозна болест поради која ја изгубил косата и забите после што сè тргнало во пропаст. Неговиот прв „испад“ се случил кога неочекувано убил четворица од неговите витези со меч додека сите заедно се шетале еден убав летен ден. Подоцна, бил убеден дека е од стакло и инсистирал да носи железни решетки со неговата облека за да не може некој да го „скрши“.

8. Канибалските дивјаци

Во „Игра на тронови“: Во серијата Тените се канибалски дивјаци кои се гостат од „чавките“ односно мажите од Ноќната стража.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Фамилијата Савнеј Бин, Шкотска, 16-ти век

Фамилијата Савнеј Бин живеела во пештера и тие биле канибали. Имале 14 деца и 32 внуци, и нивниот омилен метод на размножување бил инцестот. Преживувале со тоа што се криеле во грмушките и ги напаѓале оние што поминувале, ги убивале, ја пиеле нивната крв и ги ограбувале. Остатоците од телата ги чувале за подоцна.

9. Брен и Рикон Старк

Во „Игра на тронови“: По обезглавувањето на Нед Старк, неговите синови Брен и Рикон живееле во Винтерфел. Кога Теон Грејџој јурнал од замокот, пробал да ги убие принцовите (кои и онака избегале). Момчињата исчезнале и биле прогласени за мртви.

9 пати кога вистинската историја била побрутална од „Игра на тронови“

Вистински хорор: Принцовите во кулата, Англија, 15-ти век

12-годишниот Едвард и 9-годишниот Ричард биле единствените синови на Кралот Едвард Четврти. По смртта на кралот Едвард, за момчињата се грижел нивниот чичко Ричард Трети (синот на типот што заврши со неговата глава закачена на портите), кој ги заробил во кулата, божем на „безбедно“ додека не се случи крунисувањето на Едвард. Но, некако случајно – не велиме дека ова не може да му се случи на секој – Ричард Трети ги „изгубил“ момчињата и немал друг избор освен тој самиот да стане крал. Можеби момчињата биле убиени од нивниот чичко, а можеби едноставно исчезнале магично. Никогаш нема да дознаеме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар