9 неверојатни работи кои ги правеле древните Египќани
Речиси секој од нас мисли дека сме многу поразлични од нашите предци. Чудни традиции, непознати јазици и така натаму. Но, археологијата ни покажува дека грешиме. Погледнете ги овие интересни факти за животот на Египќаните. Веројатно ќе научите и нешто ново.
1. Ваделе железо од метеори
Археолозите пронашле метал во древна гробница. Овие парчиња метал се уникатни бидејќи Египќаните почнале да топат железо дури 2.000 години подоцна. Па од каде го добиле овој метал? Одговорот е скриен во еден хиероглиф кој значи железо и кој може да се преведе и како „метал од небото“.
2. Измислиле паста за заби
Постојат неколку докази кои укажуваат на тоа дека Египќаните произведувале паста за заби од 5.000 година п.н.е. Тие правеле прашок од неколку состојки кои им биле достапни. Денес не знаеме како точно да ја користиме оваа паста, и можеме само да погодуваме.
3. Користеле антибиотици
Иако антибиотиците се официјално измислени во 20-иот век, лекарите од древен Египет користеле мувлосан леб за да ги лекуваат раните. И овој лек функционирал одлично.
4. Ја формирале првата полиција во светот
Првата полиција во светот била формирана во периодот на Средното кралство (2050-1800 година п.н.е.). Во неа припаѓале многу локални војници. Египетската полиција била придружувана од кучиња и мајмуни. Офицерите ги заштитувале храмовите и градски плоштади, аристократите и караваните од криминалци.
5. Го направиле првото пиво
За повеќето е познат фактот дека работниците кои ги граделе пирамидите биле плаќани со 4-5 литри пиво на ден. Па може да се заклучи дека правењето пиво била усовршена техника за Египќаните. Тие се едни од првите народи кои го направиле овој пијалак.
Продолжува на следната страница…