9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Постојат многу неверојатни локации низ светот кои нам ни се навистина чудни – луѓето, нивните навики и нивните особини. Понекогаш изгледа како локалните жители да се обединети со една голема заедничка тајна. Секогаш е интересно да се тргне велот и да се дознае повеќе за овие тајни. Па, погледнете некои од најневеројатните места на светот.

1. Кралството на малите луѓе, Кина

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Социјалниот живот може да биде тежок за овие луѓе, но сепак постои магично кралство за нив. Овој уникатен свет е создаден од Чен Минџинг. Тој им понудил на луѓето со џуџест раст од целата држава да се преселат овде. Денес во ова место живеат околу 125 луѓе на возраст од 19 до 45 години. Тие носат навистина интересна облека – облечени се како гномови, ангели, елфи, принцези и чувари. Нивните куќи имаат форма на дрва и печурки. Домовите се опремени со специјално направена покуќнина. Животот овде им е удобен и никој не им се смее зад грб. Сите жители се вработени. Изведуваат за туристите и им организираат тури. Домашните обврски ги завршуваат во несела, играат покер и одбојка и посетуваат бесплатни часови по англиски јазик. И покрај разните мислења на другите, овие луѓе се среќни со овој начин на живот.

2. Луѓето Пираха: Најсреќното племе

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Едно племе од дождовната шума во Амазон е наречено најсреќното племе. Не знаат да бројат и користат само два броја – „неколку“ и „многу“. Исто така имаат само две бои – „темна“ и „светла“. Не знаат за дати и календари и јадат 1-2 пати дневно. Одвреме-навреме спијат по 20-тина минути бидејќи сметаат дека претераното спиење им ги намалува моќите. Овие луѓе имаат само 3 фази во врските – бебе, родител и роднина. Кај нив нема хиерархија и не постои криминал. Немаат никаква приватна сопственост и нема предрасуди. Тие се среќни, пеат во текот на ноќта и веруваат дека соништата и реалноста се еднакво важни. На секои 7 години си ги менуваат имињата. Можат да ги запомнат имињата и особините на илјадници растенија и животни. Нивните деца си играат со дрва, цвеќиња, кучиња и шумските духови наместо со обични играчки.

3. Икарија: Островот на стогодишниците

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Секој трет жител на Икарија живее до 90 години. Поголемиот дел од населението живее до 100 години. Нивната тајна е природниот рај на островот во Егејското Море, 8-те лековити извори и малкуте туристи. Овде живеат 10.000 пријателски настроени оптимисти. Само мал број од населението знае за Алцхајмерова болест и за непријатности поврзани со староста. Луѓето овде не се брзаат, работат најдобро што можат, често шетаат по планинските патеки и јадат овошје од нивните градини. Овдешните жители сакаат маслиново масло, козјо млеко и чај од билки. Вечерта ја поминуваат со соседите пиејќи вино. Кога една 101-годишна девојка ја прашале за нивната тајна, таа изјавила:

„Едноставно забораваме да умреме овде!“

4. Кандидо Годои: Земјата на близнаците

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Кандидо Годои во Бразил е место познато по големиот број близнаци кои се раѓаат овде. 80 семејства одгледуваат 44 пара близнаци. Повеќето семејства се преселиле овде од Германија во текот на Првата светска војна. Во раните 90-ти овој необичен феномен им го привлекол вниманието на новинарите. Локалните власти го засакале интересот на светот и го нарекле местото Земја на близнаците, отвориле музеј и поставиле статуа на плодноста. Научниците имаат разни теории за овој феномен, вклучувајќи го и влијанието на посебна вода, изолацијата на регионот, како и генетските експерименти на доктор Јозеф Менгеле. Локалните жители велат дека се движел низ овој реон преправен како ветеринар. Во тој период бил забележан првиот пораст на близнаци.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар