9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значење
Постојат малку нешта кои се полоши од раскинувањето, како на пример, алергична реакција на восок за депилирање на интимната зона, смрт на домашно милениче или дупната гума во опасно маало. Не мора ни да почнеме да објаснување колку е лошо самото раскинување. Но, работите можат да станат уште полоши доколку тој употреби една од овие клише изјави со кои не ни добивате официјално раскинување, па токму затоа и потоа постојано ќе се прашувате што точно значат неговите зборови. Па, без разлика дали сте оптимисти или реалисти, погледнете што тој навистина сака да каже со овие изјави…
1. „Не е до тебе, до мене е.“
Оптимист: Ти не си проблемот, ти си совршена. Јас ги правам сите проблеми и сум единствената причина зошто нашата врска не функционира.
Реалист: Ти си 100% од проблемот!
2. „Ми треба простор.“
Оптимист: Потребно ми е да направам еден чекор наназад и да ја анализирам нашата врска.
Реалист: Имам потреба да избегам што подалеку од тебе.
3. „Премногу сме исти.“
Оптимист: Ти си исто толку забавна, грижлива, чувствителна и шармантна како мене.
Реалист: Досадно ми е со тебе.
4. „Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе.“
Оптимист: Жал ми е, но не успева ова помеѓу нас. Мислам дека би можеле да најдеме други партнери со кои ќе бидеме посреќни.
Реалист: Веќе се гледам со други личности, па сметам дека треба и ти истото да го правиш.
5. „Мислам дека ни е подобро како пријатели.“
Оптимист: Не би сакал да го загрозиме нашето одлично пријателство со врска.
Реалист: Немам потреба да те извлечам од твојата облека. Всушност, преферирам да си со облека.
6. „Не сум подготвен за врска.“
Оптимист: Ти си одлична за врска, но во овој момент од мојот живот не сум спремен за сериозна врска – можеби да пробаме пак по некое време.
Реалист: Нашата заедничка иднина ме плаши.
7. „Имам потреба да се фокусирам на мојата кариера.“
Оптимист: Ти си толку неверојатна што постојано ми го одвлекуваш вниманието и се плашам дека ќе изгубам сè доколку продолжам да те љубам.
Реалист: Ми се допаѓа колешката од работа.
8. „Ти заслужуваш подобро.“
Оптимист: Ти си одлична девојка, секој би бил среќен да те има покрај себе. Не се чувствувам доволно добар за тебе и не можам да живеам со тоа чувство.
Реалист: Сакам да ти раскинам нежно за да не полудиш.
9. „Мислам дека работите се одвиваат премногу брзо.“
Оптимист: Ајде да забавиме и да уживаме во возењето.
Реалист: Престани постојано да ме прашуваш што правам. Знам дека веќе знаеш.