9 интересни факти за Твитер

9 интересни факти за Твитер

Вбројувајќи се во една од најпознатите социјални мрежи, на Твитер секојдневно се испраќаат милиони твитови од целиот свет. Создадена во 2006 година, оваа социјална мрежа сѐ повеќе ја зголемува својата популарност. Во продолжение ви прикажуваме 10 интересни факти за Твитер што можеби не сте ги знаеле.

10 интересни факти за Твитер

1. Твитер за малку ќе бил наречен „Friendstallker“

Благодарение на соосновачот на Твитер, терминот „Friendstallker“ бил исфрлен од употреба бидејќи звучело премногу морничаво. Исто така можел да биде наречен и „Twitch“, „Twitcher“ и „Jitter.“ Името Твитер било решено кога еден од соосновачите гласно ја прочитал дефиницијата од речникот.

2. Логото на Твитер е направено според спортска легенда

Онаа мала сина птица е именувана според кошаркарската легенда Лери Брд, истакнат поранешен играч на Бостон Селтикс. Биз Стоун го потврдил овој факт откако потпретседателот на дигиталните медиуми, Питер Стрингер, го прашал за шпекулациите.

3. Познтиот хаштаг не е измислен од Твитер

Можеби ви изгледа чудно, но хаштагот датира од 1988 година, кога луѓето комуницирале преку „Internet Relay Chats“ (IRCs). Првиот хаштаг бил употребен на Твитер во 2007 година, кога Крис Месин, поранешен член на Гугл, а сегашен лидер за развој на Убер, предложил да го користат. Овозможувајќи едноставно пребарување, хаштагот брзо влегол во употреба.

4. Кети Пери може да се пофали со најмногу следбеници на Твитер

Познатата пејачка има речиси 85 милиони следбеници. Оваа бројка е поголема отколку вкупниот број на луѓе што живеат во Египет. Џастин Бибер доаѓа на второ место, а по него е Тејлор Свифт. Најголем бренд следен на Твитер не е самиот Твитер, туку Јутјуб.

5. Идејата за Твитер произлегла на едно игралиште

Не сите идеи се произлезени од баровите и кафулињата. Идејата за основање на оваа социјална мрежа била родена на едно игралиште.

6. Елен Деџенерис има најсподелуван твит

Тоа е фотографијата каде што актерот Бредли Купер прави селфи со познати ѕвезди за време на Оскарите во 2014 година. Овој твит е ретвитан речиси 3,4 милиони пати откако шоуто на Елен Деџенерис најпрво ја споделило оваа фотографија.

10 интересни факти за Твитер

7. Лимитот од 140 карактери е поради мобилните телефони

Најпрво лимитот бил на 160 карактери, затоа што тоа била максималната должина на една порака на мобилен телефон. Подоцна било направено ограничувањето на 140 карактери, што изгледа така и ќе остане во блиска иднина.

8. Соосновачот на Твитер, Ноах Глас, бил отпуштен од компанијата

Ноах Глас, соосновачот кој го предложил и сегашното име на оваа социјална мрежа, бил отпуштен од компанијата. Денес, неговиот став за Твитер вели: „Јас го започнав ова.“

9. Твитер допрва треба да создава профит

И покрај масовната присутност на оваа социјална мрежа, компанијата не е профитабилна. Со загубата од приближно 2,1 милијарда долари, акциите на Твитер во првата половина од оваа година се продавале за една третина помалку од цената во ноември 2013 година. Потребно е многу за да биде како Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар