9 идилични села во Швајцарија
Швајцарија е позната по својата живописна убавина. Доколку сакате да појдете на еден релаксирачки одмор и да впиете позитивна енергија од оваа земја, топло ви ги препорачуваме овие прекрасни швајцарски села.
Венген
Мирното швајцарско село Ванген е прекрасно место со долга историја. Домаќин е на познатото скијачко натпреварување „Lauberhorn Run“, а годишно го посетуваат илјадници вљубеници во овој спорт.
Алтштетен
Оние кои обожаваат да го поминуваат своето време надвор, мораат да го посетат селото Алтштетен. Можете да ги шетате убавите улички на местото, да појдете на шопинг, да направите тура за да дознаете нешто повеќе за историјата на селото, да појдете на планинарење или да уживате во панорамата од специјализираното вовче кое ќе ве води на обиколка.
Интерлакен
Сместено помеѓу двете прекрасни езера Бриенц и Тун, Интерлакен е прекрасно место за бегство од секојдневните обврски. Ќе се воодушевите од неговата убавина, а лесно е достапно со воз.
Гимелвалд
Иако во Гимелвалд живеат само 130 луѓе, ова место има што да им понуди на туристите кои го посетуваат. Можете да престојувате во неколкуте пријатни хотели и мотелчиња.
Шпиц
Сместено на брегот на езерото Тун, Шпиц е прилично големо село. Главна атракција се водените спортови, заедно со замокот кој можете да го посетите со некоја тура. Овде морате да го пробате локалното вино.
Лојкербад
Лојкербад има долга историја, а се верува дека местото постои уште од 4-тиот век пред нашата ера. Локалните топли извори ги примамуваат туристите да дојдат да уживаат во придобивките од термалните бањи.
Андермат
Ова село е доста популарно во скијачката сезона, но е и одлична алтернатива за летото, доколку сакате да си го поминете одморот релаксирајќи се во прекрасната природа.
Гриндервалт
Прекрасно село, кое е лесно достапно со воз. Во текот на годината во него се одржуваат голем број настани и фестивали.
Мурен
Малото село Мурен е тешко достижно, но вреди за маката. Рестораните имаат прекрасен поглед кон планините и снежните врвови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.