9 идеи за подароци што можете да ги направите со вашите фотографии
Празниците се одлично време за да ги потсетите вашите најмили на минатото и на вашите заеднички спомени. Зошто да не бидете креативни и да создадете нови и оригинални подароци со вашите фотографии? Погледнете ги овие девет начини на кои можете да го направите тоа.
1. Ставете ги фотографиите врз детски цртежи
Изберете неколку интересни фотографии од вашите деца и ставете ги истите врз некои детски цртежи. Ова е нешто несекојдневно, а децата ќе го обожаваат.
2. Подароци со фотографии за возрасни
Исто така можете да направите креативни подароци и за возрасни. Изберете неколку фотографии и декорирајте ги по ваш вкус.
3. Календар
Уште една необична идеја која можете да ја искористите со вашите фотографии е да создадете календар. Дефинитивно овој подарок ќе ги израдува вашите најблиски.
4. Фотографски ленти
Направете ги среќни вашите пријатели или членовите во семејството така што ќе наредите неколку заеднички слики кои ве потсетуваат на прекрасно поминатите моменти.
5. Направете своја уметност
Залепете ги фотографиите на дрво и ќе добиете евтин, но уникатен подарок.
6. Колаж од фотографии
Најдобро е да изберете и магнет врз кој ќе можете да ги залепите фотографиите.
7. Бележник со фотографии
Не мора бележниците да бидат обични. Одберете неколку фотографии и испечатете ги во вид на бележник, па вашите најмили секогаш ќе се потсетуваат на заедничките моменти.
8. Претворете ги фотографиите во мини декорации
Исечете ги фотографиите и залепете ги на некој предмет што одговара на димензиите. Интересно, зар не?
9. Налепници за вино
Една забавна фотографија одлично ќе изгледа како налепница за вино!