9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести
5. Чарли Шин
Овој човек отсекогаш успевал да извлече насмевка од нашите лица. Неговиот лик во „Два и пол мажи“ му донесе голема популарност ширум светот, но и многу награди. Тој играше лик со слично име, со големо богатство и неизмерна желба за алкохол и жени. Чарли не е многу поразличен во вистински живот. Една од неговите девојки му го пренела вирусот ХИВ. Сега тој боледува од СИДА.
6. Пинк
Пинк е позната по нејзината розова коса, моќниот глас и енергичните настапи. Токму затоа, нејзините концерти се секогаш преполни. Но, Пинк неодамна призна дека има астма. Оваа дијагноза ѝ била поставена уште кога била многу мала, но тоа не ја спречило да настапува и да го покажува својот уникатен глас.
7. Том Хенкс
Том Хенкс е еден од најголемите актери во филмската индустрија. Тој оствари неверојатна улога во познатиот филм „Форест Гамп“. За жал, Хенк боледува од една многу честа болест, која е прилично опасна. Станува збор за дијабетес. Тоа значи дека во крвта има високи нивоа на шеќер, бидејќи неговиот црн дроб не функционира како што треба.
8. Ким Кардашијан
Ким Кардашијан страда од хроничната болест псоријаза. Многу често се поставува погрешна дијагноза за оваа болест и на почетокот се мисли дека станува збор за осип или иритација на кожа, како што е егзема. Меѓутоа, псоријазата е една од најчестите автоимуни болести. Псоријазата се јавува кога имунолошкиот систем дава лажни сигнали кои го забрзуваат формирањето на кожните клетки. Псоријазата не е заразна.
9. Шакира
Шакира е колумбиска пејачка, позната по нејзините енергични настапи, волшебни танци, неверојатна фигура и прекрасно лице. Нејзините песни се светски хитови. Но, понекогаш работите не се толку совршени колку што изгледаат. Шакира боледува од токсоплазмоза. Тоа е инфекција предизвикана од страна на паразит што се пренесува преку мачки или лошо зготвено месо.
Во продолжение дознајте кои познати личности заработуваат и после смртта.