9 големи нерешени мистерии

9 големи нерешени мистерии

Во многуте години од нашето постоење, се ширеле и слушале приказни за појави и случувања кои не можеле да се објаснат, за мистериозно исчезнати лица, убијци по кои полицијата сѐ уште трага. Многу истражувачи, научници, па и класичните љубители на адреналинот се обиделе да разоткријат некои од овие мистерии, притоа и самите изложувајќи се на разни опасности. И додека некои успеале во потрагата по докази и логично објаснување, овие мистерии сѐ уште го чекаат својот ред.

1. Брмчењето во Таос

Градот Таос, кој се наоѓа во Ново Мексико, е место кое претставува дом за многу славни личности. Иако делува како мало и мирно место, меѓу народот е познато по необичната мистерија која стои зад неговото име. Наводно овде може да се слушне лесен звук кој наликува на брмчење, зуење или мрморење. Вообичаено, звукот може да се чуе на тивки места, а луѓето кои можат да го слушнат се нарекуваат „слушачи“ и го опишуваат како далечен звук на мотор. Теориите кои се обидуваат да ја објаснат оваа појава ги опфаќаат психата и разумот на човекот, фантастиката, па сѐ до паранормалното, но изворот и природата на овој звук се сѐ уште мистерија.

1-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

2. Црната Далија

Кога телото на млада девојка ќе биде пронајдено на паркинг во еден од најспоменуваните градови во светот, неизбежни се многуте новинари и приказни кои веднаш ќе го обиколат самото место. Телото на младата 22-годишна Елизабет Шорт било пронајдено во два дела на паркинг во Лос Анџелес. Кратко после целиот настан, кон името на Далија бил додаден прекарот „црна“ по името на филмот кој се прикажувал во тоа време: „Тажната Далија“. За случајот Црната Далија се ширеле многу гласини и приказни, но името на убиецот и понатаму останува мистерија за светот.

2-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

3. Грофот од Сен Жермен

Грофот од Сен Жермен бил човек со многу интереси: бил авантурист, научник-аматер, пронаоѓач, виолинист, композитор, џентлмен. Познат под името „Der Wundermann“ (чудо од човек), развил неверојатни вештини интересирајќи се за алхемијата. Наводно, починал на 27 февруари 1784 година, но докази за неговата смрт никогаш не биле пронајдени. Неговото потекло не е познато, а заминал на истиот начин, не оставајќи трага. Во последниве години многу луѓе тврдат дека се Грофот од Сен Жермен.

3-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk_

4. Војничевиот ракопис

Овој ракопис претставува средновековен документ кој е напишан на јазик кој не може да се сретне во ниту една литература. Многу научници се обиделе да го откријат значењето на овој запис, а објаснувањата останале само претпоставки дека се однесува на решенија на теми кои се јавиле како проблематика во средновековната и/или почетоците на модерната медицина. Сликите во самиот документ укажуваат дека тој се состоел од 6 дела кои ги опфаќаат следниве области: билки, астрономија, биологија, космос, фармација и рецепти. Потеклото на овој запис и негово вистинско значење остануваат загатка за многу луѓе.

4-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

5. Убиецот Зодијак

Идентитетот на овој убиец е една од најголемите мистерии на сите времиња. Иако полицијата има испрашано повеќе од 2.500 осомничени лица, убиствата кои се случиле во 70-тите години на 20-тиот век никогаш не се официјално решени. Убивајќи најмалку 7 лица и потфрлајќи во намерата да убие уште две, овој убиец со години си поигрувал со полицијата и ѝ испраќал кодирани текстови во кои наводно се криел неговиот идентитет. Името по кое е сега познат си го има дадено самиот на себе, а причините зошто токму Зодијак се непознати.

ZODIAC-C-14DEC99-SC-HO

6. Госпоѓа Бабушка

При анализирањето на убиството на Џон Ф. Кенеди, на снимките и сликите кои сведочат за тој грозоморен настан се појавува фигура на жена, која подоцна за јавноста станува позната под името Госпоѓа Бабушка поради начинот на кој го носела шалот преку главата, налик на стилот кој го имале руските баби, наречени бабушки. Сомневајќи се дека всушност имала камера и дека поседува снимки од витално значење за решавање на случајот, полицијата јавно побарала ѝ да ги предаде, но тоа никогаш не се случило. Иако подоцна, во 1970 година се појавува Беверли Оливер која тврдела дека е Госпоѓа Бабушка, било потврдено дека нејзината приказна е лага. Прашањата која е Госпоѓа Бабушка, што всушност правела таму и, можеби најважното, зошто никогаш не ги предала доказите кои ги поседувала, не се никогаш одговорени.

6-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

7. Мери Селест

Познат и под името „Небесна Мери“, „Мери Селест“ бил американски трговки брод кој бил пронајден напуштен среде Атлантскиот Океан во 1872 година. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар, патување кое траело месец дена пред мистериозното исчезнување на сите патници: капетанот, неговата жена и ќерка му, како и целиот екипаж. Освен документите, сите лични работи на патниците биле пронајдени недопрени на бродот и притоа немало никакви знаци на борба. Некои од толкувањата опфаќаат теории за алкохолно предозирање на екипажот (бродот пренесувал 1.700 буриња со алкохол), подводни земјотреси, па и надреални појави. Телата на исчезнатите не биле никогаш пронајдени.

7-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk_

8. Џек Мевосек

Добивајќи го името од писмо во кое непознат човек тврди дека е серискиот убиец по кој трага цел Лондон, Џек Мевосек е можеби најладнокрвниот сериски убиец кој постоел досега. Убиствата започнале во 1888 година во источниот дел на Лондон, а жртвите биле претежно проститутки чии грла биле пресечени, а телата осакатени. За жал, полицијата не пронашла доволно докази за да може да приведе некој од многуте осомничени. Сериските убиства не можат да се решат ни ден-денес и покрај сите нови методи на истражување кои постојат.

8-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

8. Торинското платно

Една од најголемите мистерии е Торинското платно – ленена ткаенина со слика на човек која јасно укажува дека тој бил распнат. Се верува дека човекот на сликата е Исус Христос и дека тоа е платното со кое бил обвиткан по распнувањето. Тоа сега се чува во катедралата на Свети Јован Крстител во Торино, Италија. Цврсти докази кои ги потврдуваат овие верувања не постојат, но ова платно се поврзува со уште едно парче облека наречено Судариум од Овеидо за кое се верува дека ја покривало главата на Исус Христос.

9-9-golemi-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Ве интересираат уште нерешени мистерии?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. LilyW Reply

    1. Некои најнови истражувања посочуваат на тоа дека Џек Мевосек бил всушност локален касап кој боледувал од терминална фаза на сифилис пренесен од проститутка, па затоа почнал да се одмаздува во мигови на „делириум“, притоа касапејќи ги и вадејќи им ги репродуктивните органи, како казна за неговата болест.

    2. Најголемата мистерија поврзана со Мери Селест се тврдењата дека кога бродот бил пронајден на него немало екипаж, меѓутоа се’ си стоело на своето место, како луѓето да биле тука до пред 5 минути, јадењата сеуште биле топли, а во еден пепелник сеуште чадела цигара.

    3. Црната Далија е наречена така и поради фактот што освен што телото и било пресечено на две, на лицето убиецот и врежал „вечна“ насмевка, резови од устата кон ушите, за да не биде тажна.

Остави коментар