9-годишно дете аплицирало за работа во НАСА и добило генијален одговор
Можеби сте чуле за отворената работна позиција на вселенската агенција НАСА кои бараат „офицер за планетарна заштита“. По објавата за ова работно место, тие добиле голем број апликации, но ниту една од нив не била толку оригинална и слатка како онаа на 9-годишниот Џек Дејвис, кој ги поседувал сите потребни квалификации за да биде „чувар на галаксијата“. Во продолжение, прочитајте го неговото генијално писмо…
Писмото на Џек стана многу популарно на Интернет, откако еден семеен пријател го објавил на Reddit. Тоа на крајот стигнало до директорот на планетарната научна дивизија во НАСА и тој му дал совршен одговор на Џек кој го споделил и преку нивниот профил на Твитер.
Да се надеваме дека овој одговор ќе ги охрабри Џек и другите амбициозни дечиња да учат и да работат напорно за еден ден навистина да станат „чувари на галаксијата“.
Прочитајте го и следниов одговор на шефот за најоткачениот отказ.