9 фасцинантни начини на кои ни се менува телото кога сме вљубени

9 фасцинантни начини на кои ни се менува телото кога сме вљубени

Не е тајна дека вљубениот човек зрачи со задоволство и среќа, но малкумина знаат како се менува нашето тело кога чувствуваме љубов. Љубовта не ги активира само пеперутките во стомакот, туку таа делува подобро и од апчињата против болка, го засладува вкусот на храната и го забавува ритамот на срцето. Прочитајте ги овие 9 фасцинантни промени што се случуваат во нашето тело кога сме вљубени…

9 фасцинантни начини на кои ни се менува телото кога сме вљубени

1. Мозокот ги менува активностите во дел од секунда. Поимот „љубов на прв поглед“ ни звучи како клише или како наслов од холивудска романтична комедија, но постојат некои научни докази кои одат во прилог на оваа идеја. Имено, љубовта активира дури 12 предели во мозокот, а како резултат на тоа се јавува чувството на заљубеност веќе во првата петина од секундата.

2. Срцето го забавува ритамот. Вљубеноста влијае на нивото на хормоните што доведува до намален крвен притисок и забавен срцев ритам.

3. Губиме сон. Постојат некои истражувања кои покажале дека човекот во периодот на заљубеноста губи околу еден час спиење. Причината за тоа е мислењето на саканата личност што нѐ држи будни.

4. Се намалуваат болките во телото. Љубовта ги активира истите рецептори во мозокот на кои делуваат лековите против болки.

5. Стануваме сенилни. Во текот на заљубеноста, во мозокот доаѓа до ослободување на окситоцин, љубовен хормон кој ја блокира меморијата. Како резултат на тоа стануваме поотсутни и позаборавени.

6. Се активира љубомората. Дали чувствувате дека губите контрола кога ќе го видите вашиот сакан како разговара со друга жена? Тоа е првиот знак на вистинска заљубеност. Имено, докажано е дека љубовта влијае на нашата потреба да заземеме одбранбен став за да ја заштитиме саканата личност или со други зборови се активира љубомората.

7. Храната станува послатка. Во текот на едно истражување, неколку вљубени студенти требале да пробаат различни прехранбени прозиводи и да го оценат нивниот вкус. Резултатите биле неочекувани, бидејќи сите се сложиле дека храната и пијалаците што ги консумирале имале сладок вкус.

8. Губиме концентрација. Несвесното размислување за партнерот ги нарушува нашите работни вештини. Едно истражување докажало дека кога сме заљубени, не можеме да се сконцентрираме на работата.

9. Гласот станува повисок и потенок. За време на комуникацијата со саканата личност, нашиот глас добива повисока фреквенција и станува потенок.

Во продолжение прочитајте кои се знаците на заљубеност кај една жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар