9 „факти“ во кои е време да престанете да верувате
Постојат работи во коишто веруваме само затоа што и некој друг верува во нив. Поради ова, воопшто не размислуваме дали тие се вистина или не. Можеби мислите дека млекото е корисно за вашите коски или дека Монт Еверест е највисоката планина во светот. Време е да го промените мислењето. Погледнете ја вистината зад неколку митови во кои верува мнозинството.
1. Плацебо ефектот делува само на луѓе
Всушност плацебо ефектот делува и на животните. На пример, ако кучето е болно и сопственикот му даде пилула, тоа ќе реагира. Дури и да станува збор само за витаминска пилула, кучето сепак ќе престане да чувствува болка.
2. Млекото е корисно за нашите коски
Рекламите тврдат дека млекото е одличен извор на калциум, кој пак е важен за нашите коски. Но, калциумот во млекото не ве штити од скршеници. Научниците од Универзитетот Харвард откриле дека луѓето од државите во кои ретко се консумираат млечни производи имаат помал број скршеници за разлика од оние кои редовно ги консумираат овие продукти. Потребниот калциум можете да го добиете и од сардината, лососот, гравот, бадемите и смоквите.
3. Чоколадото предизвикува акни
Многу луѓе не јадат чоколадо бидејќи се плашат дека тоа ќе има влијание на нивната кожа. Но, и ова не е вистина. Група истражувачи им дала на своите испитаници чоколадни плочки со 10 пати повеќе чоколадо од количеството што обично го содржат овие ужинки. Истражувањето покажало дека чоколадото немало никакво влијание на нивната кожа. Дерматолозите потврдиле дека резултатите се точни. Па, освен ако немате никаква алергија, чоколадото нема воопшто да влијае на вашата кожа.
4. Ако трчате, мора да трчате секој ден
Научниците спровеле истражување и откриле дека секојдневното трчање може да му наштети на здравјето и да стане целосно бескорисно за оние кои сакаат да бидат здрави и во форма. Претераното трчање може да предизвика срцеви болести, висок крвен притисок, Алцхајмер и прерано стареење. Ако сакате да трчате најдобро е тоа да го правите 3-4 пати неделно, со брзина од околу 2,3 метри во секунда и со вкупно растојание од 30 километри.
Продолжува на следната страница…