9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Како деца, ние верувавме во скоро сè што ќе слушневме или видевме, особено кога овие информации доаѓаа од авторитети: родители или професори. Но, дури години подоцна сфаќаме дека тоа што сме го научиле во училиште е безнадежно неупотребливо бидејќи било погрешно уште во почетокот. Токму затоа и собравме неколку информации што мислевме дека се вистинити додека учевме, но реалноста е сосема спротивна.

Мит #1

(1) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Ван Гог си го исекол увото бидејќи страдал од сериозна ментална болест.

Факт: Најпрво, артистот не го изгубил целото уво, туку само дел. Второ, историчарите веруваат дека Ван Гог не се исекол самиот, туку дека го изгубил тој дел од увото при тепачка со неговиот пријател, Пол Гоген.

Мит #2

(2) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Камелеоните ја менуваат својата боја за да се скријат.

Факт: Тие ги менуваат боите и обрасците според нивното моментално расположение, како и кога им е премногу топло (стануваат посветли) или премногу ладно (стануваат потемни) за термална регулација.

Мит #3

(3) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Кристофер Колумбо ја открил Северна Америка.

Факт: Викинзите го сториле тоа многу порано од Колумбо, особено Лејф Ериксон, истражувач од Исланд. Постојат археолошки докази дека Ериксон основал заедница на територијата на денешна Канада.

Мит #4

(4) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Различни области на јазикот реагираат на различни вкусови.

Факт: Секој рецептор за вкус на површината на јазикот може да ги препознае сите видови вкусови.

Мит #5

(5) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Њутн го смислил законот за гравитацијата кога јаболко му паднало на главата.

Факт: Јаболкото паднало до научникот, а Њутн ја добил својата инспирација додека гледал како паѓа.

Мит #6

(6) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Во вселената нема гравитација.

Факт: Дури и во длабоката вселена, на секој објект влијае микрогравитација.

Мит #7

(7) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Томас Едисон ја измислил електричната сијалица.

Факт: Различни верзии на електрични сијалици биле измислени од страна на многу луѓе пред Едисон. Но, тој откупил неколку патенти за изуми и заедно со својот тим, пронашол начин како сијалицата постојано да свети.

Мит #8

(8) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Во училиште Ајнштајн имал проблем со математиката.

Факт: Тој бил брилијантен кога станува збор за математика. Всушност, толку бил паметен што сметал дека седењето на тие часови е само бесцелно губење време.

Мит #9

(9) 9 факти што сме ги учеле на училиште како вистинити, но потоа се докажало дека се погрешни

Дијамантот е најцврстиот елемент на Земјата.

Факт: Можеби тоа порано било вистина, но веќе е застарена информација. Научниците откриле дека постојат супстанци кои се многу посилни од дијамантот. Една од нив е позната како лонсделит, и е за 58% поцврста од дијамантот.

Ако оваа тема ви беше интересна, прочитајте и за 6-те митови за човечкото тело во кои треба да престанеме да веруваме!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар