9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

И покрај тоа што постојат големи шанси дека ќе наидете на неоригинален парфем додека разгледувате низ полиците на маркетите, повеќето од луѓето не знаат како да ги препознаат добро направените копии. Купувањето фалсификуван парфем не само што ќе направи да се чувствувате измамено и вознемирено, туку може и лошо да влијае на вашето здравје. За среќа, постојат неколку едноставни знаци кои можат да ви помогнат да ги забележите дури и најбрилијантно составените фалсификати…

1. Проверете го пакувањето

(1) 9-ednostavni-nachini-da-gi-prepoznaete-neoriginalnite-parfemi-ushte-pred-da-gi-kupite-www.kafepauza.mk

Автентичните парфеми најчесто имаат целофан кој е толку тенок и толку совршено завиткан, што едвај ќе го забележите над кутијата. Сите оние целофани кои се лошо наместени, се очигледен знак дека не станува збор за оригинален парфем.

2. Совршени шевови

(2) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Ако пластичното пакување на кутијата е затворено на неатрактивен начин (шевот е повеќе од 5 милиметри широк, нерамен или има вишок лепило на него), тогаш станува збор за неоригинален парфем. Пакувањето на оригинален парфем секогаш има беспрекорни шевови.

3. Обрнете внимание на кутијата

(3) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Кутијата треба да биде направена од квалитетен картон, кој е дизајниран да го заштити шишето од оштета. Токму затоа и во нејзината внатрешност има посебна конструкција која го чува шишето на своето место. Исто така нејзината боја треба да биде бела, не сивкаста.

4. Етикети и натписи

(4) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Погледнете го златниот круг. Стрелката која покажува кон десно секогаш треба да биде потемна од стрелката која покажува кон лево. Кога купувате парфем, не се двоумете да го проверите официјалниот веб-сајт на произведувачот со цел да видите дали информациите кои се објавени таму соодветствуваат со тоа што го има на пакувањето. Дури и најмалата грешка е знак за фалсификат.

5. Дизајн

(5) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Разгледувајќи низ полиците на продавниците за парфеми, можеме да забележиме дека постојат модели кои изгледаат и мирисаат многу слично со некои добро познати брендови. Станува збор за едноставен трик со кој произведувачите се заштитуваат себеси. Па, не заборавајте добро да ги проверите пакувањата пред да ги купите.

6. Каква е бојата на парфемот?

(6) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Познатите брендови не користат многу боја во нивните продукти, па затоа и бојата на автентичниот парфем најчесто е многу бледа. Хемикалиите кај неоригиналните ја правата бојата пожива, па тоа е добар знак за да ги препознаете.

7. Симетрично капаче

(7) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Капачето на оригиналните парфеми е совршено симетрично (освен ако самиот дизајн не е направен асиметричен). Но, тоа лесно можете да го проверите на официјалниот дизајн на произведувачот.

8. Не заборавајте на серискиот број

(8) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Серискиот број треба да биде вдлабен на дното од шишето (а не залепен!). Исто така, тој треба да биде ист со оној кој е наведен на дното од кутијата, кој пак исто така треба да биде вдлабен или испринтан (во никој случај залепен!).

9. Како изгледа шишето?

(9) 9 едноставни начини да ги препознаете неоригиналните парфеми уште пред да ги купите

Автентичните парфеми се спакувани во квалитетни шишиња со мазна површина. Шишињата на неоригиналните се малку погруби со криви рабови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар