9 доволно добри причини зошто треба да спиете со него

9 доволно добри причини зошто треба да спиете со него

Тој е прекрасен тип кој го запознавте во дискотека и сега ве вика да излезете. Знаете дека премногу е згоден за да пропуштите таква прилика, но сепак не сакате да се впуштате во авантура. Плус знаете дека не сакате врска. Тогаш зошто да не се забавувате малку? Животот е премногу краток за да размислувате за секоја ситница.

0-9-dovolno-dobri-prichini-zoshto-treba-da-spiete-so-nego-kafepauza.mk

1. Затоа што на неговото тело може да се ренда сапун – И вие сакате да го залепите до вашето за да видите дали ќе предизвикате некој краток спој кој двајцата ќе ве распрсне на ситни делчиња.

2. Имате чувство дека тој ќе биде еден од оние момци во кои виновно ќе уживате без да се каете – Единствените спомени за кои ќе зажалите ќе бидат оние што не сте ги направиле со него. Особено ако ви претходел долг период на „суша“.

3. Со вас се однесува како со кралица – Иако немате благородничко потекло вие сте неговата принцеза која тој е убеден дека треба да ја третира како најскапоценото нешто на планетава.

4. Ве усреќува како ниеден антидепресив досега – Среќни сте до тој степен што слушате музика и скокате по цела соба додека размислувате за него.

1-19-dovolno-dobri-prichini-zoshto-treba-da-spiete-so-nego-kafepauza (1)

5. Дури и само да разговарате со него ви доаѓа да му скокнете – „Аха значи беше во пекарата да земеш пецива и? Продолжи, продолжи. Па, само ти ги откопчувам пантолоните. Не, не те прекинувам. Ова се вика мултитаскинг.“

6. Затоа што чувствувате дека е секс-бог – По начинот на кој ве допира за раката и ја трга косата од вашето лице знаете дека сакате многу повеќе. Многу. Многу повеќе.

7. Одамна не сте имале секс и знаете дека нему тоа не би му сметало – Дали е тој некој со кој сакате да бидете официјално пар? Не, ама би било убаво да спиете со некој кој не е виолетов вибратор.

8. Кога се бакнувате, вашиот мозок привремено го напушта телото и заминува на седмо небо – Затоа ако двајцата сте одлични во бакнување, тогаш скоро и да си должите да ја соблечете облеката и да ги искусите сите останати неверојатни нешта кои и самите знаете дека ве очекуваат.

2-19-dovolno-dobri-prichini-zoshto-treba-da-spiete-so-nego-kafepauza

9. Затоа што сакате – Постојано мислите на тоа, мастурбирате на таквата помисла и знаете дека и тој сака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар