9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Можеби во денешно време модерната наука има објаснување за речиси сѐ што се случува околу нас, но сепак и во оваа ера природата успева да нѐ надмудри со нејзините трикови. Ако продолжите да читате, ќе откриете 9 неверојатни природни аномалии за коишто научниците сѐ уште немаат објаснување, а останатите луѓе доаѓаат до заклучоци, коишто се далеку од точни. Овие феномени се истовремено импресивни и застрашувачки.

9. Огромно езеро исчезнало преку ноќ

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Можеби ова ви звучи како невозможно сценарио, но реалноста е дека езерото Риеско во Чиле, целосно исчезнало во 2016 година, и тоа преку ноќ. Тоа било со големина од околу 14 километри квадратни. Водата исчезнала заедно со рибите коишто живееле во неа. Сега, на местото на езерото има пустина. Научниците немаат баш логично објаснување за овој природен феномен, но тие се сомневаат дека тој се должи на геолошките промени.

8. Наелектризирано поле од удар на гром

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Овој феномен многу ги заплашувал древните луѓе. Местото во коешто ќе удри громот понекогаш останува електрифицирано и може да повреди, па дури и да убие човек. Во минатото, ваквите места се сметале за многу опасни, но модерната наука објаснува дека опасниот електрицитет исчезнува за неколку минути. Како и да е, ова не значи дека треба да го ризикувате вашиот живот и да ги игнорирате безбедносните мерки на претпазливост.

7. Дожд од риби и други суштества

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Ова е екстремно редок природен феномен којшто отсекогаш ги заплашувал луѓето – дожд од животни! Тоа можат да бидат риби, пајаци и жаби. Научниците долги години не веруваа во постоењето на оваа аномалија и бидејќи се случува премногу ретко, никој ја нема детално истражено. Некои луѓе дури веруваат дека ова е само дел од фантазијата на луѓето, коишто тврдат дека некои ретки видови риби „изврнале“ на копното.

Првиот човек којшто сериозно започнал да ја проучува оваа мистерија, бил Андре-Мари Ампер. Тој имплицира дека ненајдените налети на бесни ветришта можат да ги поткренат животните и возможно е тие да изврнат на земјата, откако ќе се повлече ветрот. Подоцна, други научници ја надополниле оваа теорија велејќи дека не е само ветер во прашање, туку торнадо во вода. Оваа теорија веројатно го објаснува фактот зошто некои од животните биле смрзнати, односно дека торнадото ги подигнало на огромна висина во небото. Како и да е, сè уште не се направени доволно истражувања коишто детално ќе го објаснат овој феномен.

6. Замрзнати животни

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

На оваа тажна фотографија гледаме лисица којашто се удавила под мраз. Некој ја пронашол и ја ставила на ледената површина, за да ги информира луѓето за оваа опасност. За жал, ваквите случаи не се воопшто ретки. И покрај тоа што животните знаат на кои места мразот е опасно тенок, понекогаш гладот и други фактори (на пример глутница волци) ги принудуваат да претрчаат по површината и на тој начин, да паднат и да се удават.

5. Течение на лава коешто личи на трупови што се лизгаат кон пеколот

9 чудесни аномалии на природата коишто докажуваат дека таа има моќ над сите нас

Оваа фотографија била направена во вулканското подрачје Западна Камокуна, на Хаваи. Личи како да е влез кон пеколот, во којшто паѓаат грешните души. Не постои научно објаснување зошто сличноста е толку голема, но можеби и не треба да има. Едноставно, така се случило.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Остави коментар