86-годишна баба се венчала во прекрасен фустан што самата си го дизајнирала
86-годишната Мили Тејлор-Морисон неодамна се појавила во фустан што самата си го дизајнирала и со тоа ги шокирала сите. Невестата работела како модел пред повеќе од педесет години и очигледно е дека не ја изгубила магијата и нејзиниот шарм.
Нејзината внука, Кадија, ја фотографирала и ја објавила фотографијата на Фејсбук, каде што брзо се прославила и добила речиси 100.000 лајкови.
„Таа пред една недела наполни 86 години, а нејзиниот сопруг ќе наполни 86 во декември“, вели Кадија. „Баба ми беше во брак со дедо ми 41 година кога тој умре. Таа повторно пронајде љубов речиси 25 години подоцна и нашето семејство не може да биде посреќно за неа.“
Младоженецот, Харолд Морисон, ја познавал Нана Мили шест децении. Неколку години порано, Харолд сериозно се разболел, па двајцата се преселиле. Мили се грижела за него и кога Харолд оздравел, тие одлучиле да стапат во брак.
Приемот се одржал во Њу Џерси. Прекрасната соба била осветлена со виолетови светла кои совршено го надополнувале фустанот на Мили.