8 знаци што покажуваат дека поседувате духовна моќ
Духовно надарените личности се луѓе со силна интуиција кои имаат способност да почувствуваат нешто што другите не можат. Сепак, многу од нив не се свесни колку се посебни бидејќи веруваат дека на сите им е така.
1. Месечевите фази влијаат врз вас
Во фазата на полна месечина, кога таа е најсилна, чувствувате необјаснив немир. Покрај тоа, тешко ви е да заспиете, а спиењето ви е испрекинато, така што наутро се будите уморни. Тоа е еден од знаците дека сте духовно надарени и чувствувате некои работи што другите луѓе не ги забележуваат.
2. Се будите помеѓу 3 и 4 часот наутро
Се верува дека во ова време на ноќта магичните сили се најсилни, односно многу чудни работи се случуваат помеѓу 3 и 4 часот наутро. Некои луѓе го нарекуваат овој период вештерски, духовен или демонски час кога вештерките, духовите или демоните може да патуваат од еден свет во друг.
Ако често се будите во овој период, тоа може да укажува дека имате некоја духовна дарба. Најдобро е во тој период да се молите или да медитирате и со тоа да ги зголемите вашите моќи.
3. Ви приоѓаат животни
Животните многу добро можат да почувствуваат каква е вашата аура и дали сте мирни, добри или лути. Духовно надарените луѓе привлекуваат разни животни, па дури и инсекти, бидејќи се чувствуваат смирено и безбедно во нивна близина. На пример, често ви се случува пеперутка да слета на вас и ви се чини како да ве набљудува или ќе ви пристапи мачка што обично бега од сите други луѓе.
4. Вашите емоции влијаат на околината
Се верува дека емоциите на таквите луѓе имаат моќ да влијаат врз околината, дури и кога не прават ништо посебно. На пример, кучињата во нивна близина одеднаш почнуваат да лаат, а мачките зјапаат во една точка како да виделе дух.
Исто така, растенијата можат да ја почувствуваат таа енергија и може да блескаат или да венеат во близина на таквите луѓе. Електронските уреди, исто така, може да реагираат и да престанат да работат некое време затоа што енергијата на духовно супериорните луѓе може да биде многу интензивна.
5. Често ви приоѓаат непознати луѓе
Луѓето кои ви приоѓаат обично се лица што општеството ги смета за чудни, иако тие се далеку од тоа. Ним всушност им треба физичко, ментално, емоционално или духовно лекување.
Станува збор за просветлени луѓе кои се малку изгубени, па им треба некој што ќе ги насочи на вистинскиот пат. Нивната потсвест ги води кон духовните луѓе затоа што чувствуваат дека тие можат да им помогнат.
6. Лесно ја чувствувате енергијата во просторот
Станува збор и за негативната и за позитивната енергија. Ако чувствувате дури и најмала количина негативна енергија веднаш штом ќе влезете во некоја просторија, тоа значи дека имате многу чувствителен радар за тие работи. Иако не сте виделе или не знаете за тоа, ќе почувствувате дека нешто лошо се случило таму пред да пристигнете.
Кога ќе погледнете некоја личност во очи, можете да откриете што размислува, какви чувства има, дали е добра или лоша. Вие сте во можност да откриете кога некому му е потребна помош и ќе му го олесните животот со вашата енергија и со вашите вештини. Но, исто толку брзо можете да почувствувате кој е негативен и ќе останете настрана од таа личност затоа што таа ја троши вашата енергија.
7. Природата ве привлекува
Најдобро се чувствувате кога сте во природа, таму се полните со позитивна енергија и ги чистите мислите од сите лоши работи. Сакате да одите боси по тревата, да чепкате со рацете во земјата, да дишете свеж шумски воздух и да го слушате звукот на птиците.
Уживате кога капките дожд ја допираат вашата кожа, а благото утринско сонце го гали вашето лице. Имате потреба постојано да бидете опкружени со природата.
8. Имате чудни соништа
Се верува дека духовно надарените луѓе сонуваат многу, но ретко забораваат што се случило во нивните соништа. Тие често сонуваат некои чудни работи во кои се обидуваат да најдат некое значење или порака.
Погледнете кои 5 знаци откриваат дека сте се поврзале на духовно ниво со некого.